16 Јануари, 2025
0.0303

Дали штрајкот на железничарите ќе се задушува со откази?

Објавено во: Економија 29 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Возовите останаа запрени на пругите, граѓаните кои не успејаа да добијат информација за тоа дали возовите ќе сообраќаат или не, останаа на станиците, а машиновозачите штрајкуваат во кругот на компанијата. Вчерашната средба меѓу синдикалците од МЖ-Транспорт и ресорниот министер Миле Јанакиески, што траеше до доцните часови, заврши без договор. На прегвоорите секој си останал на својот став, синидкалците бараат исплата на заостанатата плата и здравствени картони, надлежните пак сметаат дека штрајкот е нелегитимен.

Расте нервозата и кај железничарите и кај менаџментот во Македонски Железници – Транспорт, откако преговорите завршија без договор, a веќе е извесно дека менаџментот нема пари, веднаш да го исплати заостанатиот дел од платата како што бараат вработените. Сега раководството бара начин како сообраќајот да почне нормално да се одвива, а дополнително нервозата е поради тоа што сетоа ова се случува пред самиот старт на локалните избори, бидејќи е јасно дека штрајкот и евентуалните блокади на железничкиот сообраќај ќе имаат негативен ефект врз изборната кампања на власта.

Од друга страна пак нервозни се и машиновозачите кои си ја бараат заостаната плата, и здравствените картони, но, сега дополнително стравуваат и за своите работни места, со оглед дека власта се обидува штрајкот да го прикаже како нелегитимен. „Веќе се обидуваат на различни начини да не убедуваат да запреме со штрајкот, и да почнеме да возиме“, велат за Фактор вработените.

Незадоволството кулминираше вчера со запирање на возовите, бидејќи  вработените се револтирани оти како што тврдат се уште не ја добиле декемвриската плата, а немаат ниту здравствени картони. Изминатите две недели се обидувале да најдат заедничко решение за проблемот со раководството но, откако тоа не се случило вчера ги запреа возовите. Неколку часовната средба со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и синдикалните заврши безупешно.

Според информациите на Фактор, на средбата надлежните им ветиле дека делот односно половина плата што им ја должат ќе им биде исплатена до крајот на оваа година. Менаџментот признава дека им должи на вработените, но, станувало збор за една плата што се провлекувала од минатата година и дека еден дел односно половина од таа плата била исплатена пред неколку дена што значи дека како долг останала само уште другата половина. За проблемот со здравствените картони на синдиаклците им било кажано дека ќе биде надминат до среда. Сепак, ништо од ова не успеало да ги убеди железничарите да прекинат со штрајкот се до исполнување на нивните барања. Целосна исплата на заостаната плата, надминување на проблемот со здравствените картони, како и надминување на дополнителни технички проблеми со кои се соочуваат вработените во текот на работењето дел поврзани со состојбите во МЖ-Транспорт, дел пак поврзани со состојбите кои се рефлектираат од МЖ- Инфраструктура, а кои нив им предизвикуваат проблеми во работењето.

За денеска била договорена нова средба меѓу синдикатот и Министерот за транспорт Миле Јанакиески, за да се допрецизира натамошното решавање на проблемите со кои се соочуваат вработените, но, сега е неизвесно дали таа ќе се случи бидејќи по синоќешната средба откако синдикалците им го пренеле ставот на министерот на останатите вработени сепак се одлучило штрајкот да не запре.

Каков епилог ќе донесе денешниот ден е неизвесно со оглед на вчерашните цврсти ставови на двете засеганати страни, но, со оглед дека директорот на МЖ-Транспорт Оливер Дерковски веќе најави оти штрајкот е нелегитимен бидејќи меѓу другото нема формирано штрајкувачки одбор, со што отворена е опцијата да се превземат сите мерки што менаџментот му стојат нарасполагање за да го спречи штрајкот.

Минатата година, кога штрајкуваа вработените од МЖ-Инфраструктура, директорот Ирфан Асани, им порача дека ако не сакаат да работат, на сите ќе им најде замена бидејќи има многу луѓе кои би сакале да се на нивно место. Иако, подоцна најдоа решение за дадениот проблем кое беше краткорочно, сепак и самата закана на Асани си одигра улога во надминување на проблемот во дадениот момент. Но, проблемот беше надминат краткорочно, бидејќи по извесно време вработените повторно во неколку наврати се закануваа со блокади на взозовите и запираа со работа.

Железницата изминативе години постојано се соочува со штрајкови и спонтано запирање на возови од вработените во двете железнички компании, а проблемот секогаш е ист- неисплатени плати.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања