18 Декември, 2025
0.0431

Дали сме ние нормални? Државна фирма на школите им продава македонска струја по унгарска цена, па дури и наплаќа 3,3 отсто маржа!!!

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2023 07:40

Добивај вести на Viber

Зошто училиштата да плаќаат струја по цена од берза? Па тие не се комерцијални правни лица чија цел е максимизација на профитот! Разочарувачки и иритантен е односот на високоплатените државни службеници кои ги креираат енергетските политики. Затоа што ниеден од тие одлично платени државни „чиновници“ не мрдна со прст за да ги изводи школите од пазарот на струја? За нив треба да има регулирана цена, да бидат „под државна капа“ исто како и домаќинствата, јавните болници и градските водовни претпријатија. Тие што не мрднаа со прст, а се платени со народни пари овозможија „пљачка“ државниот буџет со тоа што не спречија школите да плаќаат струја по берзански цени. Да биде иронијата поголема тендерот го доби државната фирма ЕСМ Продажба која освен што ќе наплаќа македонска струја по маџарска цена па и згора ќе наплати и 3,3% провизија! Да не заборавиме дека во ЕСМ, фирмата – мајка на ЕСМ Продажба, Владата во тек на енергетската криза вбризга повеќе од 100 милиони евра буџетски пари...

Осум основни училишта од Општина Центар ќе плаќаат струја по берзански цени и за тоа ќе издвојат до 885.000 евра. Нема фиксна цена на струјата ниту субвенции од државата за државните односно јавните училишта во земјава! Ова се поразителни факти од најновиот тендер за снабдување со струја на овие основни училишта, а деталите се достапни на овој линк:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/6dcc9cc1-26b0-40ba-ae3f-9bbab953176c

Дополнително разочарување е тоа што училиштата ќе плаќаат по цената на струја која е постигната на берзата ХУПЕКС во Унгарија и покрај тоа што повеќе од еден месец работи успешно и македонската берза за струја!

Најнов пример за индиспонираноста на надлежните државни институции е тендерот за набавка на струја за осум основни училишта во Општина Центар. Школите „Киро Глигоров“, „Коле Неделковски“, „Свети Кирил и Методиј“, „11 Октомври“, „Димитар Миладинов“, „Гоце Делчев“, „Јохан Ханјрих – Песталоци“ и „Кочо Рацин“.

Сите училишта заедно, под покровителство на Општина Центар распишале заеднички тендер за набавка на струја. Нормално, за да ги намалат трошоците. Затоа што друг избор и немале. Затоа што државата не им дава субвенции како што им дава на домаќинствата.

На тендерот имало три понуди од кои најповолна била таа на државната компанија ЕСМ Продажба.

Зошто се шиканира Македонската берза за струја?

Дополнителен срам за сите надлежни инстанци е тоа што и покрај тоа што постои еден месец наназад Македонската берза за струја не е референтен извор на цени за продажба на струја. Тендерските постапки се прават така што како референтен извор за утврдување на цената е унгарската берза ХУПЕКС. Аргументот кога се воведе референтниот извор беше дека Македонија нема берза па затоа се зема за референтна цената на најликвидната регионална берза, а таа е ХУПЕКС.

Еве од пред еден месец Македонија има берза, но уште никој не ги менува тендерските спецификации...

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа