19 Мај, 2024
0.0242

Дали сме во студена војна!?

Објавено во: Анализа 22 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Патувам низ Русија 30 години и сум била сведок на секакви нешта - од еуфоријата при падот на комунизмот до благосостојба, а во поново време, и на политичкиот очај. Но кога отидов таму за прв пат по анексијата на Крим, бев шокирана од она што го видов, пишува во анализа за The Guardian Сузан Ричардс. Се соочив со земја подготвена не за некој замрзнат конфликт, не за војна преку марионети, туку за војна против Западот. Никогаш моите пријатели не биле по љубезни - но овој пат кај нив чувствував загриженоста на луѓе кои не беа сигурни кога и како ќе можеме да се сретнеме повторно. Точно е дека таа душевна состојба се смести како резултат на континуираната медиумска кампања на Кремљ во последната година. Но брзо сфатив дека повеќето од нив го споделуваат мрачното гледање на владата за Западот, со неговите "шупливи претстави" за демократија и слобода. Бидејќи режимот е со идејата да ја врати назад империјата, избувнувањето на голем конфликт навистина изгледа возможно. Руски авиони и подморници спроведуваат воени маневри во близина на брегот на Европа. Но некој навлезен авион во балтичкиот воздушен простор може да предизвика реакција на НАТО со конвенционални оружја, а тоа од своја страна може да доведе до претекнување нуклеарен удар од Русија - стратешки одговор, предизвикан од стравот за слабост пред лицето на американската воена моќ. Додека алијансата се мачи да ги убеди своите членови да одвојуваат по 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) за одбрана, оваа година Русија ја зголеми повеќе од двојно до 4,2% од БДП и истовремено ги намалува другите буџети, вклучувајќи ги здравствените и социјални услуги. Саботната парада за 9 мај во Москва беше нешто повеќе од прослава на победа - тоа беше демонстрација на воена моќ. Во меѓувреме економската криза во Русија ќе се продлабочи оваа година. Платите на државните службеници беа замрзнати. Платите во приватниот сектор се намалија за 10%. Се предвидуваат масовни отпуштања. Путин најави дека оваа година ќе добива 10% помала плата, но бидејќи оценките за неговото вистинско, сомнително богатство варираат меѓу 70 и 200 милиони долари, е малку веројатно тој да почувствува никакви тешкотии. И покрај кризата, поддршката за него се претвори во нешто блиско до идолопоклонство. Како се најдовме во оваа смешна и опасна ситуација? На крајот на Студената војна Русите замислуваа дека ќе станат дел од една поголема Европа. Наместо тоа, преку комбинација од триумфализам и незнаење, ги засилија старите стравови на Русија дека ќе биде исклучена и ќе стане жртва. Традиционалното сфаќање на запад е дека вината е кај Путин и клептократичниот режим. Според овој наратив режимот помина кон офанзива, откако се намалила цената на нафтата. Тој го киднапирал вниманието на јавноста од неспособност да ја прошири економијата, а се нафрлил против надворешен непријател и презема брилијантна пропагандна кампања. Оваа верзија за настаните, макар да не е лажна, го ослободува Западот од одговорност премногу лесно. Кога советскиот режим се распадна, идеологијата на слободниот пазар беше во подем на запад. Луѓето на власта навистина ја прифатија идејата дека го доживуваме "крајот на историјата" - дека во униполарен свет надворешната политика ќе биде исклучително битка за пазари. Во Америка и Велика Британија владината поддршка за истражувањата на земјите од поранешниот советски блок беа намалени. Американскиот Стејт департмент и британското Министерство за надворешни работи ги отпуштија истражувачките единици, кои ги држеа политичарите информирани. Амбасадите се фокусираа на создавање на можности за тргување. Истовремено медиумите, соочени со својата економска криза, исто така ги намалија странски дописници. Западот едноставно престана да размислува сериозно и темелно за Русија и соседите нејзини. Но, кога работите допреа до одбраната, не се држи како сеедно сме пред крајот на историјата. Наместо да ставиме крај на нашиот одбранбен договор од Студената војна, НАТО не застана да се проширува на исток, се поблиску до нејзините граници. Во одговор на ова нарушување во сферата на нејзино влијание, Русија стана агресивна - прво во Грузија, потоа во Крим и Украина. Западот го отфрли тоа, велејќи дека концептот за сферите на влијание припаѓа на мината ера. Но географијата не се менува, како и за чувствителните прашања кои ја обликувале. Американската политика во Куба во постсоветските ери, а и досега, се заснова токму на овој принцип. Хавана одамна не е воена закана за САД, но беше жигосана како нешто срамно што која и да е држава во близина на нивните граници може да остане верна на "непријателска" идеологија. Крајот на Студената војна не ја промени и историјата. Таа продолжува да го инспирира идентитеот, како што беше секогаш. Земете ја за пример Украина - Киев навистина е лулка на руската нација. Ова е важно само колку и дека татковците основачи на Америка дошле од Велика Британија. Чувството на Русија за идентитет, прицврстен на периферијата на Европа врз бескрајно земјиште, секогаш се карактеризира со патолошка несигурност. Идентитетот се собира во сложена замрсеност, но лојалноста се распаѓаат. Земете го како пример Донбас, кој е во срцето на зоната на конфликтот. Таму е татковината на Донски Козаци, чии коњски полкови се познати по тоа дека служеле на руските цареви генерации по ред. Во советскиот период Козаците се сурово прогонувани заради верноста кон царот. Но овој регион е и родното место на иконата на советскиот труд, Алексеј Стаханов кој ископал 227 тони камен јаглен во рамките на една смена. Стаханов беше лицето на херојска генерација советски работници, сите живееле во Донбас. Едвај е чудно што токму во овој регион на конфликтни Кремљ ја води особено интензивно својата пропагандна војна. Одлуката на западните лидери да ја бојкотираат парадата во саботата во Москва по повод 70-годишнината од победата над нацистичка Германија може и да изгледаше како нешто диктирано од здравиот разум во светлината на настаните на границата со Украина. Луѓето на запад со години се смејат на "Ало, Ало" и на парадниот марш на Џон Клиз, но фашизмот воопшто не предизвикува смеа во оваа земја. Русите ме прашуваат како така во Литванија се дозволени маршови со кои се оддава почит кон нацистички соработници, кои убиле 200 000 Евреи. Како, прашуваат тие, Западот може да прифаќа во Европската унија и НАТО "етнокраци" како Естонија и Латвија кои радикално ги дискриминираат руските граѓани. Според центарот "Левада" поддршка од 62% која Владимир Путин има, се одразува не само на долгогодишното географско чувство на несигурност кај Русите, не само на непоколебливата љубов кон нивната земја. Таа претставува повредена гордост од очигледната решеност на Западот да ја третира Русија како непријател. Тековните западни санкции само ќе ја подобрат својата популарност. Бидејќи Путин е само симптом на сегашната криза. Од гледна точка на Русија тука станува збор за многу повеќе од Путин. На саботната парада во Москва министерот за одбрана Сергеј Шојгу се прекрсти, додека преминуваше под Спаска кула во Кремљ. Овој неочекуван гест ја разнесе руската блогосфера. Фактот дека Шојгу е будист, е друга тема. Соочувајки се со своите војници, министерот ја оживеа старата традиција, правејќи го она што руските генерали секогаш го правеле пред да влезат во битка. Како што руските блогери посочија Шојгу исто така направил гест покажувајки јасна линија на поделба помеѓу нивната култура и Западот, кој "не допушта Бог во јавната сфера". Треба повторно да започнеме да ја прифаќаме Русија сериозно, и да повторно ја вклучиме во нашата култура, наместо повторно да ја изолираме. Карл Маркс не предупреди дека историјата се повторува, првиот пат како трагедија, а вториот како фарса. Но, во сегашната опасна ситуација нема ништо смешно. Треба да се потсетиме на лекциите од Првата светска војна и да внимаваме пред да биде предоцна. K.K.