Добивај вести на Viber
Туристичка прошетка со електромобил низ Скопје ќе чини 50 денари. Ценовникот вчера го усвои Советот на Град Скопје.
Електромобилите, кои се најавуваат како нова атракција во главниот град, се веќе пристигнати, но граѓаните ќе мора да ја почекаат официјалната промоција од страна на ЈП „Градски паркинг“, кое е задолжено за нив.
Почетна и крајна станица на прошетката со електромобилот ќе биде Порта „Македонија“. Возилата ќе имаат обучен возач, кој во исто време ќе биде и туристички водич, а ќе сообраќаат секојдневно од 10 до 19 часот. Еден ваков автомобил чини 11.420 евра, а електромобилите беа набавени од фирмата “Хипнел“.
За цена од 100 денари на час, ќе се изнајмуваат и електрични велосипеди, кои со едно полнење можат да поминат 40 километри. Веќе се набавени и 10 вакви велосипеди.