05 Декември, 2025
0.0274

Дали студентскиот правобранител ќе ги спаси правата на студентите?

Објавено во: Анализа 16 Март, 2014 09:02

Добивај вести на Viber

Изгубени пријави за положени или испити кои треба да се полагаат, нецелосна документација, чекање  со  месеци и години за  да се стигне до факултетската диплома. Ова се само дел од проблемите кои ги мачат  студентите на високобразовните институции. За 15 месеци на адресата на Студентскиот правобранител при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” стигнале околу 100-тина претставки кои најчесто се однесуваат на проблеми поврзани со прибирање на факултетската документација и  реализирање на студентските права. Студентите од високообразовните институции на УКИМ, преку својот  Студентски правобранител можат да дојдат до своите права. На челната позиција веќе втора година се наоѓа Симона Јандревска  од Правниот факултет во Скопје, која вели дека оваа должност мора да се сфати сериозно од студентите, од  професорите но и од  Ректоратот. Студентскиот правобранител носи одговорност најмногу пред своите колеги, бидејќи честопати треба да посредува во споровите или проблемите кои во вид на претставки стигнуваат до нивната канцеларија. Јандревска вели дека ја поздравува најавената реконструкција на студентскиот дом “Гоце Делчев” која е секогаш актуелна тема и од која зависи квалитетот на живеењето и студирањето на околу 1200 студенти, но надлежностите на Студентскиот правобранител се  во рамките на УКИМ и во делот на правата и обврските на студентите.
“Најчесто студентите се жалат на неуредност на студентското  досие во смисла на недостиг од определени документи или пријави, бавна процедура на признавање на испити доколку била искористена студиска размена. Радува  што во последната половина година истата не е забележано како појава,  што е резултат на се поголемиот број трибини одржани на оваа тема со стручни соработници од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност и активниот пристап на СПУКМ во оваа област. Во период од приближно 15 месеци, до СП се доставени околу 150 претставки кои најчесто се однесуваат на консултации, прашања, нејасностии и дилеми на студентите во насока на реализација на нивните студентски права”-вели Симона Јандревска-Студентски правобранител.
Од 2009 година па наваму на позицијата Студентски Правобранител е поставен студент со цел да се зголеми нивото на доверба и соработка меѓу студентите. Правобранителот ги штити правата на студентите врз основа на Законот за Високо Образование, Статутот на УКИМ од 2008 година и Правилникот за избор и разрешување. Принципите од кои се предводи  во вршењето на својата дејност, вели Јандревска, се непристрасност, недискриминираност, доверливост, достапност, одговорност, отчетност и законитост. Студентите иако пред неколку години не беа доволно информирани за функцијата Студентски правобраните, денес таа им е повеќе од потребна, бидејќи  се интересираат и знаат за своите права. Правобранителот  се бира од редот на студентите по правни студии со минимум завршен 4 семестар и просек од студии минимум 8.00 а е избиран од страна на Сенатот на УКИМ со двегодишен мандат. На секој од факултетите има свои заменици за побрзо и поефикасно водење на претставките и обезбедување комуникација со единиците на УКИМ. Правобранителката на студентите Симона Јандревска вели дека начинот на комуникација со единиците на УКИМ се врши по пат на обезбедување на потребна документација и архивирање на предметите или со средби со одговорните лица. Правобранителот  посредува во спорови помеѓу професори и студенти, студенти и единици на универзитетот како и студентите и универзитетската администрација. Таа може да дава препораки во конкретни случаи на разрешување на споровите и да презема активности по сопствена иницијатива, доколку смета дека е нарушено студентско право,  но за водење на претставката е потребна согласност од конкретниот студент или група студенти. Покрај постапувањето во конкретни спорови, има и советодавна функција, организирање на трибини и настани за  студентите  во однос на нивните права и обврски спрема Универзитетот.
“Постапката пред правобранителот  започнува со писмено барање по пошта или електронски,  или со телефонски повик по што се  отвара досие и го архивира предметот. Потоа зависно од природата ги презема натамошните активности. Претставките се анонимни,  освен кога студентот е согласен да бидат јавни. Според нашите овластувања бараме постапувања и од други надлежни органи како Државниот Просветен Инспекторат особено кога се работи за кршење на одредени права на студентот”, вели Јандревска.
Таа додава дека се поголемиот број на трибини и настани  резултираат со масовна посетеност што  е  индикатор за сé поголемиот интерес на студентите кога станува збор за студентско движење,  покажуваат интерес и се активни,  со што се напушта концептот на асертивно однесување придружено со аргументи на апатичност и незаинтересираност. Дел од студентите и студентските организации  сéуште се скептични за тоа дали Студентскиот правобранител транспарентно и непристрасно ја врши својата функција, имајќи во предвид дека истиот го предлага Студентскиот парламент како тело,  а не  самите студенти. Сметаат дека  и покрај тоа што студентите знаат за своите одговорности но и права, уште владее страв од јавно искажување на слободната студентска мисла поради партиско -политички влијанија кои последните десетина година директно се чувствуваат и во академските и студентските кругови. Но,  од друга страна пак,  друг дел од студентите смета дека токму преку вакви форми на организираност тие  можат полесно да стигнат до информација и до решавање на нивниот проблем. Па така, на трибините и тркалезните маси се почесто можат да се видат студенти кои прашуваат и бараат одговори, но и одговорност. Б.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени