Дали светот денес ќе и каже збогум на банкнотата од 500 евра?
Објавено во: Економија 04 Мај, 2016 14:04
Европската централна банка денес треба да одлучи за судбината на банкнотата од 500 евра, која многумина ја поврзуваат со перење пари, црн пазар, и финансирање на терористи.
„Виолетовата банкнота како најголем апоен во еврозоната, ќе биде на агенда на состанокот на Управниот совет на ЕЦБ“, изјави портпаролот на таа институција за агенцијата Франс прес.
Советот на ЕЦБ, според очекувањата на аналитичарите, ќе гласа за запирање на печатењето на банкнотата од 500 евра, поради раширеното мислење дека пред се ја користат криминалците за префрлување на големи суми пари во различни делови на светот без знаење на властите.
„Таквите банкноти се омилен механизам за плаќање на оние кои се занимаваат со незаконски активности, со оглед на релативната леснотија со која може да се транспортираат и префрлат“, се наведува во неодамна објавената студија на Хардвард Универзитетот.
Речиси 30 одсто од преку 1000 милијарди евра готовина во оптек, лани биле во апоени од 500 евра, покажаа неодамна објавените податоци на ЕЦБ.
Оваа банкнота е една од највредните во светот, со вредност која моментално е за повеќе од пет пати поголема од најголемата американска банкнота во оптек од 100 долари.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




