Дали текстилниот и чевларскиот сектор се подготвени за повисок минималец?
Објавено во: Економија 08 Јули, 2020
Oд месецов работниците во земјава ќе треба да добиваат повисок минималец, и се очекува дека исплаќањето нема да биде проблем во текстилниот и кожарскиот сектор.
На сметките на работниците ќе треба да легнат околу 500 денари плус. Растот на минималната плата е поради усогласувањето на платите со просечната плата, трошоците на живот и една третина од порастот на бруто домашниот производ за ланската година.
Лидија Милановска од Здружението на чевлари вели дека ова е стандардно покачување на платите, и нема да биде проблем да им се исплаќа на работниците. Додава дека ова покачување требало да се случи во пролет, но поради пандемијата малку се одложи.
„Покачувањето не претставува проблем, но до крајот на годината се надеваме дека нема да има ново зголемување на минималната плата, додека не стивне пандемијата на коронавирусот. Ако остане на она што го ветуваат партиите сега пред избори, мислам дека нема да има проблеми, а за понатаму, за следната година дополнително ќе се разгледува како ќе течат работите“, вели Милановска.
Кристина Ампева од Здружението Гласен текстилец од Штип објаснува дека станува збор за корекција на платите, и дека не се работи за некое големо покачување на примањата на работниците. Но, вели дека газдите секогаш ќе сакаат да го заобиколат законот доколку можат.
„За газдите беше проблем и кога се покачи минималецот на 12.000 денари. Тие секогаш ќе сакаат да дадат помалку. Затоа Управата за јавни приходи треба да внимава и доколку има исплата под минималната да го известат Трудовиот инспекторат да постапи“, рече Ампева.
Вообичаено текстилниот и кожарскиот сектор се на дното на листата кога ќе се објават податоци за просечни плати по сектори.
Минималната плата од јули месец се зголемува на 14.934 денари во нето износ. Од месецов има раст на минималната плата, а според пресметките во бруто износ таа е 21.776 денари.
Претходно, минималната плата беше утврдена на 14.507 денари нето кога практично и беше зголемена за 2.000 денари. Во 2017 година минималната плата плата скокна за 3.500 денари и до декември 2019 година изнесуваше 12.507 денари. Ова зголемување од 2.000 денари за трудоинтензивните дејности беше оптоварување.
Во кампањата, претседателот на СДСМ, Зоран Заев вети зголемување на минималната плата на 20.000 денари, доколку ја добие довербата од граѓаните.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.