Дали Украинците го убиле командантот на руската Црноморска флота?
Објавено во: Свет 25 Септември, 2023 16:07
Украинците тврдат дека го убиле командантот на руската Црноморска флота при нападот во петок во Севастопол на Крим.
„Триесет и четири офицери, вклучително и командантот на руската Црноморска флота, загинаа по нападот“, објавија украинските специјални сили на Телеграм, без да наведат никакви докази.
Велат дека се повредени уште сто и пет лица. Агенцијата АФП наведува дека не може да ги потврди овие тврдења, додека Москва молчи.
Русија во петокот извести дека само еден војник се води за исчезнат откако во напад тешко е оштетено седиштето на руската Црноморска флота. Украина вети дека ќе ги врати сите територии окупирани, вклучувајќи го и Крим. Украинците редовно го гаѓаат Крим, но и цели во Русија.
Украински дрон ја уништи командата на руски воздухопловен полк кај Курск. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Фото: Not supplied / WillWest News / Profimedia
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




