Дали вакцината делува и на пост-ковид симптомите: Се поголем бројот на оние кои се ослободиле од заморот и исцрпеноста по имунизацијата
Објавено во: Балкан 20 Мај, 2021
Познато е дека вакцината е најдобрата превенција од
инфекција со корона вирусот. Се покажа дека дури и ако се појави инфекција, вакцината штити од
потешки форми на болеста, па дури и од потенцијален смртоносен исход. Сепак,
може да има уште една придобивка од вакцината за која не знаевме.
Како што пишува српски Блиц, на социјалните мрежи, српскиот пулмологот д-р Славица Плавчиќ сподели објава од Твитер во која лице кое ја прележало болеста наведува дека и по излекувањето чувствувал бројни последици, односно она што лекарите го нарекуваат пролонгиран Ковид. Сепак, откако по шест месеци ја примил вакцината, сите симптоми на продолжен Ковид исчезнале.
На оваа констатација и други лица од Србија на Твитер објавиле сосема слични искуства, велејќи дека по вакцината им го снемало чувството на замор, малаксаност и отежнато дишење кои траеле долго по прележување на болеста.
"Долго време пишував дека вакцинацијата се препорачува за време на „Long Covid“. Многу сум среќна што ова е потврдено и во пракса", напиша д-р Плавшиќ на својот профил на Твитер како одговор на корисниците на Твитер кои напишаа дека вакцината им „ги избришала симптомите на пролонгиран ковид ".
Bravo! Hvala za ovu informaciju Odavno već pišem da se vakcinacija preporučuje u toku Long Covida . Jako mi je drago da se to potvrdjuje u praksi. https://t.co/ERrMlMp7PG
— Slavica Plavšić (@SlavicaPlavsic) May 14, 2021
Сепак, досега, искуствата на луѓето кои престанаа да ги чувствуваат последиците од Ковид по вакцинирањето, не се слушнати во пракса, а експертите не проговорија за тоа прашање за да откријат дали имаме потенцијална придобивка од вакцинацијата.
- Таквите пациенти треба да бидат следени од клиничарите со некои објективни параметри. Треба да се спроведе валидно истражување и само после тоа треба да се формира став. Може да биде само случајност. Засега никој не може да тврди ништо. Ова може да биде само покана за клиничарите да го следат ова - изјави за „Блиц“ инфектологот д-р Драган Делиќ.
Делиќ додава дека не гледа никаква медицинска корелација помеѓу вакцинацијата и симптомите на постковид и истакна дека сè може да биде само прашање на автосугестија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.