Дали Вучиќ ќе го потпише договорот за Косово или ќе има референдум?

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2023
Според српските медиуми, договорот за нормализирање на односите на Белград и Приштина, нема да го потпише српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој со години е главен преговарач во дијалогот, пишува денес независниот портал Демостат. Се вели дека договорот треба да биде ратификуван парламентот, а можеби и да оди на референдум. Демостат пишува дека „меѓу редови тоа го кажа и самиот Вучиќ на конференцијата за новинари во понеделникот“.
„Јас знам што ќе одлучам, но не во име на Србија, бидејќи би било спротивно на Уставот. Во име на Србија, се разбира, ќе одлучуваат други надлежни органи и евентуално граѓаните“, кажа Вучиќ.
Професорката по право во пензија Весна Ракиќ Водинелиќ veli дека договорот на Белград и Приштина ќе ги има „сите карактеристики на меѓународен договор“.
„Јасна е уставната одредба според која владата ја води внатрешната и надворешната политика. Кај на се случи тоа Вучиќ да преземе овластувања на други извршни, но некогаш и правосудни органи“, вели Ракиќ Водинелиќ.
Коментирајќи ја најавата дека за договорот ќе одлучува народот, таа кажа дека тоа не мора да значи дека ќе биде распишан референдум, туку може да се толкува дека за тоа ќе одлучуваат пратениците во српското собрание како претставници на граѓаните.
Ракиќ Водинелиќ наведува дека „не е задолжително, но би требало“ да се распише референдум пред потпишувањето.
фото ЕПА
Можеби ќе ве интересира
Курти: За членството во Советот на Европа, Косово веќе го има потребниот број гласови

СЕ СТРЕСЕ РОМАНИЈА: Земјотресот го почувствуваа и во Србија

Туристи од Ќустендил откажале патување во Македонија стравувајќи од каменување на автобусите

ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Баба со внукот скокнала во реката Морача

ЗОШТО ИСЧЕЗНАА ТРОЈЦА МАЖИ ВО ДУНАВ? Еве што тргнало наопаку!

ЕКСПЕРТИ ЗА СОСТАНОКОТ ВО ОХРИД: Еу покажа дека нема легитимитет!
