26 Јуни, 2024
0.0264

Дали зад евтините туристички аранжмани се крие обид за лесна заработка на штета на потрошувачите?  

Објавено во: Економија 05 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Голготата што ја поминаа 400-тина македонски туристи во Истанбул, кои измамени од туристичката агенција “Јупитер” едвај се вратија во Македонија, отворија серија прашања.Како работат македонските туристички агенции,дали зад евтините аранжмани се крие само обид за лесна заработка на штета на потрошувачите? Македонските туристи беа задржани во хотел во  Истанбул, затоа што туристичката агенција „Јупитер“ не го платила нивното хотелско сместување. По 12-часовното малтретирање во Турција, вчера се вратија во Македонија. Револтирани раскажуваат дека биле држени пред хотелот како заложници, без да им бидат дадени пасошите. Патниците кои за првомајското патување платиле по околу 60 евра, најавуваат колективна тужба против агенцијата. Министерството за економија ја проверува целата документација на агенцијата и најави дека доколку се најдат неправилности ќе и биде одземена лиценцата. Телевизијата Алсат-М објави дека според информации од Централниот регистар за туристичката агенција “Јупитер Интернационал” има отпочнато постапка за бришење по службена должност, согласно член 552-а од Законот за трговските друштва“, која што била покренета уште во јануари годинава. Зошто сеуште и агенцијата склучувала договори останува непознато. Ова не е прв пат агенцијата “Јупитер” да е инволвирана во малверзации со туристички аранжмани. Овие случувања влијаат во секторот туризам во Македонија, а најмногу на работењето на туристичките агенции, вели во интервју за Фактор, Аркан Керим, претседател на Туристичко – угостителска комора  при Сојузот на стопански комори на Македонија. Фактор: Како ги коментирате последните случувања со туристичката агенција “Јупитер”, која на 400-тини македонци наместо првомајски одмор им приреди вистинска голгота? Керим: Како Туристичко – Угостителска комора при Сојуз на стопанските комори на Македонија, сметаме дека корисниците на туристичките услуги се ставени во неповолна положба и за таа цел во иднина потребно е граѓаните кога ќе купуваат туристички аранжмани да се информираат за сите детални податоци во врска со аранжманите, се со цел во иднина да не се повторуваат негативни ситуации. Фактор: Како ваквите случувања влијаат врз туристичкиот пазар, односно колку со ваквите случувања страдаат и другите туристички агенции кои работат според законските прописи? Керим: Овие случувања влијаат во секторот туризам во Република Македонија, а најмногу на работењето на туристичките агенции. Во последно време луѓето патуваат на своја рака без ангажман на туристички агенции, а за жал овој случај може дополнително да влијае тој тренд да продолжи. Фактор: На што треба да внимаваат потрошувачите при договарањето на аранжманите со агенциите, за да бидат сигурни дека нема да бидат измамени? Керим: Во секторот туризам има многу сериозни и добри агенции кои долги години работат на пазарот и коишто се доверливи за склучување на аранжамни. Треба да се внимава на агенции кои штотуку го освојуваат туризмот во Македонија, односно неопходно е корисниците на туристичките услуги да бидат информирани за сите податоци и детали во врска со конкретен аранжман. Фактор: Колку надлежните институции вршат контроли на терен и дали тие треба да се зајакнат? Керим: Ние како Туристичко-Угостителска комора при ССК, заедно со Министерството за економија работиме на регулирање и воспоставување на соодветни критериуми за добивање на лиценца за работење на туристичките агенции. Со ова сите засегнати страни и патниците и надлежните институции и агенциите ќе бидат максимално заштитени и ќе се минимизираат негативни последици во секторот туризам. Фактор: Постои ли нелојална конкуренција меѓу туристичките агенции во земјава? Керим: Постои, и поради сето тоа потребно е како што претходно нагласивме да се спроведат одредени мерки за здрава конкуренција во работењето на Туристичките агенции. Фактор: Честопати агенциите промовираат евтини аранжмани, колку зад тие аранжмани може да се кријат и измами во однос на цената,  она што се нуди, односно дали во обид за лесна заработка се занемаруваат услугите ? Керим: Сметаме дека доколку се спроведат мерките кои ги анализиравме и подготвивме како комора за подобрување на туризмот во Македонија во иднина нема да има проблеми за патниците, агенциите и надлежните институции, односно напротив ќе се зголеми квалитетот на услугите. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ЦРНОГОРЦИТЕ ИМ ПЛАЌААТ НА КЕЛНЕРИТЕ 1.000 ЕВРА, ХРВАТИТЕ 1.200, А СЛОВЕНЦИТЕ 300 ЕВРА ПОВЕЌЕ: Еве каде сезонските работници сè уште недостасуваат

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

ТРГОВИЈА, ГРАДЕЖНИШТВО, ПРОИЗВОДСТВО: Што покажува индикаторот за економска клима во Германија?

СЕ МАЧЕА СО ЕКСТРЕМНА ИНФЛАЦИЈА: Аргентина сега влезе во рецесија

СЕ МАЧЕА СО ЕКСТРЕМНА ИНФЛАЦИЈА: Аргентина сега влезе во рецесија

НАЈСКАПИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ ВО СВЕТОТ: Швајцарија во самиот врв

НАЈСКАПИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ ВО СВЕТОТ: Швајцарија во самиот врв