29 Септември, 2024
0.0259

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Денеска во Париз претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески ќе настапи на Конференцијата која ја организира Организацијата за економска соработка и развој -OECD на високо ниво, во чиј фокус е градење перспектива за поттикнување на конкурентноста на Западен Балкан во 2024 година. Азески ќе учествува на првиот министерски панел, во дискусијата посветена на патеките за приспособување и за зајакнување на конкурентноста во Југоисточна Европа, и како искористувањето на технологијата како катализатор за зголемена продуктивност може да поттикне ефикасност, иновации и да го подобри пристапот до информации, знаење и глобални пазари.

Ова е континуитет на соработката со ОЕЦД- меѓународна организација со 60годишна традиција, која работи на градење подобри политики за подобар живот, кои поттикнуваат просперитет, еднаквост, можности и благосостојба за сите. Заедно со владите, креаторите на политики и невладиниот сектор, ОЕЦД работи на воспоставување меѓународни стандарди и изнаоѓање решенија за низа социјални, економски и еколошки предизвици.

Претходно, претседателот Азески и претседателката на Постојаниот избран суд-Арбитража при Стопанската комора, д-р Елена Милевска Штрбевска ја посетија Арбитражата при Меѓународната трговска комора во Париз (ICC) и разговараа за понатамошната соработка, а остварија и средби со неколку големи адвокатски друштва кои во своето портфолио имаат значаен ангажман во меѓународната арбитража. Со ова, уште еднаш СКСМ покажува дека знае да ги гради односите со своите партнери на регионално и интернационално ниво и на тој начин да придонесува за воведување нови алатки и учество во проекти од интерес на компаниите.


Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија