29 Септември, 2024
0.0272

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

На тендерот за набавка на струја, за потребите на електричните пумпи на ЈП „Водовод“ Куманово од кои кумановци пијат вода, се јавила само една фирма. При тоа е прифатена највисоката понудена цена за услуга (маржа или провизија н.з.) од 15% на цената на струјата. Зошто директорот на кумановски „Водовод“ не го поништил тендерот?

Кумановското јавно претпријатие „Водовод“ склучи договор за набавка на струја што ќе ја плаќа по цени по кои струјата се продава на ХУПЕКС унгарската берза за електрична енергија. Со тендерот е планирано кумановското јавно претпријатие да плати 480.000 евра (со вклучен ДДВ) за струја која ќе ја трошат електричните пумпи за водоснабдување на најбројната македонска општина Куманово (н.з. единствена во Македонија во која живеат над 100.000 жители).

И како да е малку тоа што кумановци за својата вода за пиење ќе плаќаат берзанска цена уште треба да платат и 15% провизија (трговска маржа) на снабдувачот „Енерџи Активе“ од Скопје.

Затоа што „Енерџи Активе“ бил единствен понудувач на тендерот што го распишал Оливер Стојмановски, директорот на кумановски „Водовод“. И не само што бил единствен понудувач туку и го добил тендерот по највисоката понудена цена. А таа била 15% провизија за својата услуга – снабдување со електрична енергија.

Како што досега повеќе пати пишувавме многу е дискутабилно и тешко одбранливо решението со кое претходната влада ги остави во ист калап профитно ориентираните компании кои работат во пазарни услови и јавните претпријатија чии цени на услуги ги утврдува РКЕ и Советот на општината во која делуваат (во зависност за која услуга се работи н.з.)

Зошто пак болниците, амбулантните, училиштата, полицијата, касарните плаќаат струја по цени од берза е друго и многу погорливо прашање...

Во горенаведниот тендер на кумановски „Водовод“, ова јавно претпријатие, за услугата на снабдувачот ќе му плати до 72.000 евра провизија за струја што ја плаќа по цена од берзата.

Заради целосно и објективно информирање на јавноста редакцијата на „Фактор“ се обрати до Оливер Стојмановски генералниот директор на „Водовод“ и го праша:

-Зошто не го поништивте тендерот туку ја прифативте единствената понуда за снабдување со струја на ЈП „Водовод’ иако маржата е 15% на цената која се плаќа според цената за струја постигната на берзата ХУПЕКС?

Воедно испративме мејл и до кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кого го прашавме Дали вака ЈП „Водовод“ го штити интересот на граѓаните на Општина Куманово?

Доколку добиеме одговори ќе ги објавиме во целост.

Целата содржина на договорот за јавна набавка е достапна на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/80ba2c79-e8d5-4dec-9da7-3296ad9718c8

Само за споредба, како што објавивме, досега најниска цена за провизија за набавка на струја на тендер плати Министерството за одбрана. Тендерот го доби компанијата РЕС која ги снабдува со струја касарните на АРМ. За таа услуга РЕС ќе наплати помалку од 4% провизија. Провизијата што прифати да ја плати директорот Оливер Стојменовски од кумановски „Водовод“ е речиси 4 пати поскапа од таа што ја плаќа Министерството за одбрана. Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија