24 Ноември, 2024
0.0255

Дамјановски: Регулаторна ја кочи гасификацијата на Куманово

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика не дозволува гасот во Куманово да стигне до домовите на граѓаните, обвини денеска градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, во изјава дадена пред Регулаторната комисија за енергетика. Според него сите услови од страна на претпријатието „Куманово гас“, за дистрибуција на гасот до домаќинствата биле направени , но и покрај барањата што оттаму се упатени до Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ја утврди цената на гасот, тоа не се случило. „Зошто Регулаторната Комисија за енеретика ги користи сите средства да си запре проектите кои се од економски карактер во Куманово, пред се еден од најважните енергетски проекти “, праша градочалникот Дамјановски додвајќи дека 4-ри години вложуваат во дистрибутивната мрежа , во мерни регулациони станици.  Направени се приклучување на 12 објекти од јавен интерес, градинки , училишта, но сеуште немаат добиено цена за гас од РКЕ. Според него , фактот дека веќе десет месеци не можат да добијат регулирана цена на гасот, што треба да го продаваат на домаќинствата, а без тоа не можат да испорачаат сметки за граќаните и фирмите , и не можат да го дистрибуираат гасот до домовите и компаниите,  има политичка причина , бидејќи на тој начин токму пред локалните избори се кочи еден од најзначаните проекти на локалната самоуправа. Инаку , компанијата "Куманово гас " е  подготвена да понуди  приклучок на 6 илјади домаќинства и 150 фирми. Сепак проектот е закочен  а Дамјановски прашува  дали ова е битка со неистомислениците на власта. „Ги прашувам во РКЕ дали тие се инструмент на власта за политичка борба со неистомислениците.  Додека градоначалниците на власта прават споменици и барокни фасади,  ние градочалниците од опозицијата работиме за подигање на економијата и правиме енергетски проекти. И сметам дека треба да имаме подршка во законскиот дел ако веќе немаме финансиска поддршка во имплеметирање на овој проект“,  изјави Дамјановски додавајќи дека  Куманово и Струмица се единствени градови кои направија гасификација. Писма биле доставени до регулаторите и до Владата, но одговор немаме. Став по ова прашање не дадоа ниту регулаторите иако прес конференцијата се одржуваше пред нивната зграда. Сепак , наместо сите медиуми , Регулаторната комисја за енерегетика внатре во зградата повика само два  медиуми за изјава на друга тема. За останатите немаше изјава.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“