ДАНОКОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ НА 10 ОТСТО, сепак граѓаните нема да плаќаат поскапа струја уверува министерот Бектеши
Објавено во: Економија 13 Декември, 2022 06:42
Промени во цената на струјата според министерот за економија Крешник Бектеши ќе има, но крајните потрошувачи кои се снабдуваат на регулиран пазар сепак нема да плаќаат повисоки сметки. Министерот во синоќешното гостување на Телевизија 24 рече дека ќе има зголемување на ДДВ на струја од сегашните 5 на 10 отсто.
- Согласно новите пресметки има простор ДДВ за струја да се врати на 10 проценти, а нема да се внесе на цената на електрична енергија и за домаќинствата и за малите потрошувачи и сите тие што се снабдуваат со електрична енергија во регулираниот пазар - изјави министерот.
Бектеши додаде освен третиот блок на РЕ „Битола“, сите поголеми капацитети за производство на електрична енергија во земјата се во функција, што создава простор цените кои ЕСМ треба да ги понуди кон универзален снабдувач ЕВН „хоум“, кон електродистрибуција и кон МЕПСО.
Прашан дали ќе има корекција на цената на струјата, дали ќе поскапи, Бектеши рече дека корекции ќе има, но можат да биде во нагорна или надолна линија.
- Корекција на цената ќе има, како и во влезните податоци од страната на ЕСМ, на ЕВН „хоум“, на електродистрибуција, на МЕПСО, но корекциите можат да бидат и нагоре и надолу - додаде Бектеши и појасни дека корекции надолни најверојатно ќе има кај дистрибуцијата на енергијата.
Според министерот, Владата веќе го амотизирала ценовниот шок со воведувањето на новите блок-тарифи, кои, како што рече, се прави и прави пристап кон поврзување со енергетската криза, особено кај оние кои имаат најмногу помош од државата.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




