ДАНСКИ, НОРВЕШКИ, ШВЕДСКИ: Медицинските сестри ги изучуваат овие јазици за да најдат работа во Скандинавија
Објавено во: Економија 12 Јануари, 2021
Освен англиски и германски јазик, медицинските сестри во земјава ги изучуваат данскиот, норвешкиот и шведскиот јазик со цел да најдат работа во некоја од скандинавските држави.
За овие странски јазици, многу потешко се наоѓаат професори, но луѓето се упорни доколку планираат да се иселат. Во помалите градови шансите за следење на вакви курсеви се минимални. Од училиштата за странски јазици во Скопје, велат дека онаму каде веќе има групи, часови следат и нашинци кои заминале во споменатите земји, кои се вклучуваат онлајн.
„Луѓето заминуваат, се снаоѓаат таму за работа со англискиот јазик, а во меѓувреме го учат потребниот јазик. Се вклучуваат онлајн на часовите, бидејќи така е поевтино, но и полесно можат да добијат опис на одреден збор, и полесно учат“, велат од скопско училиште за странски јазици.
Маја Шалиќ, професорка по шведски објаснува дека во последно време има интерес за учење на јазикот.
„Јазикот не е тежок за луѓето од нашето поднебје. Курсот трае 2 и пол месеци, а по две, три нивоа, веќе луѓето можат да комуницираат на шведски јазик. Но, многу е полесно кога се таму, и буквално секој чекор им е школо, било да е тоа во продавница, разговор со луѓе, следење на телевизија“, рече Шалиќ.
Претседателката на Унијата на ЗМТАС, Гордана Бешлиовска објаснува дека е нарушено достоинството на медцинските сестри, и затоа си го бараат спасот надвор од границите на државата. Вели дека проблем е целокупната состојба, лошите услови за работа, малите плати, и доколку не добијат трајно вработување, сестрите одлучуваат да заминат во странство. Заминуваат и невработените сестри, но и оние кои овде веќе имале ангажман.
„Имаме сознанија дека полагаат англиски и германски јазик во соседна Србија за да добијат работа во странство. Им се нудат многу бенефиции, и можат да ги повлечат семејствата со себе. Сега спорадично заминуваат затоа што границите се затворени поради пандемијата, но понатаму ќе имаме одлив иако сестрите се дефицитарни и кај нас и во регионот, а според СЗО до 2030 година на светот ќе му требаат 9 милиони медицински сестри“, рече Бешлиовска.
Таа објаснува дека во Македонија има 7.500 медицински сестри, но дел од нив се ангажирани со договор на дело и нивните работни места се несигурни. Бешлиовска вели дека кај нас сестрите обично земаат плати во висина од 16.000 до 20.000 денари, а во странство заработуваат неколку пати повисоки суми.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.