06 Декември, 2025
0.0313

Најдобриот македонски атлетичар првпат во својата кариера победи во престижната маратонска трка пред домашната публика

Дарио Ивановски триумфираше на 21. Виз Ер Скопски маратон - рекордни над 14.000 учесници на скопските улици

Објавено во: Мои пари 05 Октомври, 2025 13:03

Добивај вести на Viber

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски триумфираше во машка конкуренција на 21. издание на Виз Ер Скопски маратон 2025, со што првпат во својата кариера победи во престижната маратонска трка пред домашната публика. Ивановски, кој повеќепати претходно беше најдобар македонски маратонец во Скопје, годинава помина прв низ целта со време 2:14:50 часа, пред Кениецот Џулиус Кипкоеч (2:15.20 ч.), додека третото место му припадна на Грузиецот Давити Каразишвили со резултат 2:19:59 ч. 


Во женска конкуренција, победничка е Ирине Џеруто од Кенија со време 2:38:31 ч., втора низ целта мина Бугарката Маринела Нинева (2:45:36 ч.), а третопласирана заврши Ана Јусупова од Азербејџан со резултат 2:48:10 ч.

На годинашното 21. издание на Виз Ер Скопскиот маратон учествуваа рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земји, кои повторно ги исполнија скопските улици и го претворија главниот град во центар на спортот, дружењето и позитивната енергија. Маратонската, полумаратонската и штафетна трка почнаа точно во 08:00 часот пред Собранието на Македонија, а додека учесниците во трката на 5 километри стартуваа 08:05 часот, во близина на Црвениот крст.


На полумаратонската кај мажите најбрз беше Албион Имери од Албанија со време 1:07:57 ч., додека второто и третото место им припадна на македонските натпреварувачи Иван Пешовски (01:11:30 ч.)  и  Александар Арсов (01:12:52 ч.). Во женска конкуренција триумфираше  Греша Бакрачи од Косово (1:20:50 ч), пред нашите натпреварувачки Теа Божиновска (1:21:20 ч.) и Милјана Ристиќ Стојчевска (1:22:13 ч.)


Победник во машка конкренција во најкратката трка на 5 км, беше македонскиот натпреварувач Григоријан Никовски со време 15:53 мин, второто место му припадна на Гилмнан Јунузи (16:41 мин.), а третопласиран заврши Роберто Димитриевски со постигнат резултат од 16:43 мин. Во трката на 5 км кај дамите, прва низ целта мина Ирма Хајдари со време 18:54 мин., а место на пиедесталот имаше и за Дарија Крстевска (20:02 мин.) и Николина Милевска Велјановска (21:19 мин).

Во рамките на ова издание се одржа и Балканско и Национално првенство во маратон, што дополнително ја зголеми важноста и престижот на настанот. Долж целата патека имаше 26 музички точки кои создадоа уникатна атмосфера за тркачите и навивачите, а на секои 850 метри беа поставени освежителни станици со вода, електролити, овошје, маслинки, шеќер и други потребни продукти за тркачите. Голема помош во организацијата на годинешниот маратон пружија и околу 500 пријавени волонтери, кои им поделија 25 тони вода и 2 тони овошје на учесниците.

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон им честитаа на победниците и учесниците, кои оваа година учествуваа на најмасовната спортска манифестација во Македонија, им се заблагодарија на сите волонтери за вложенениот труд и спортскиот дух, кој што секоја година го краси овој настан.

„Ова е голем ден за македонската атлетика. Победата на Дарио Ивановски е резултат на неговата посветеност и дисциплина, но и инспирација за младите тркачи кои сонуваат еден ден да стојат на подиумот на Скопскиот маратон. Благодарност до волонтерите, кои со својот труд придонесоа годинашниот Виз Ер Скопски маратон да биде одлично организиран и да помине во најдобар можен ред“ изјави Кире Синадиновски, спортски директор на Скопскиот маратон.

Годинешното 21. издание Виз Ер Скопски маратон донесе уште едно незаборавно издание кое ја претвори метрополата во вистински спортски центар, обединувајќи ги натпреварувачите, навивачите и граѓаните во единствена маратонска магија низ улиците на Скопје.

Главен покровител на годинашното издание е Министерството за спорт на Република Македонија, а покровител е Канцеларијата на Европската Унија во Скопје.

Сите официјални резултати се достапни на: www.skopskimaraton.com.mk/rezultati2025.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј