03 Мај, 2024
0.0318

Дарко Чекеровски, „ТЕЛМА“: Чекање свидетелство, во кое однапред се знаат оценките!

Објавено во: Анализа 19 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Што е различен извештајот оваа од минатата и минатите години? За нијанса малку појасно Комисијата побара од земјите членки да се направи сериозен обид на Македонија да и се даде шанса да ги отпочне преговорите, па дури и да помогне во изнаоѓање побзро решение меѓу нас и Грција. Статус кво позицијата предизвикана од блокадата од Грција станува неподнослива дури и за Унијата. Тоа се гледа во делот од стратегијата подготвена од Комисијата:  „ЕК е подготвена да го олесни создавањето на неопходен политички поттик во потрагата по решение и да ги поддржи иницијативите поврзани со ова прашање. Врз основа на покана од Европскиот совет, Комисијата ја подвлекува својата намера, без одложување да претстави, даде предлог за рамка за преговори, која ќе ја земе предвид потребата од решавање на проблемот со името во рана фаза по отпочнувањето на преговорите за членство. ЕК смета дека доколку скринингот и разговорите во Советот за рамката за преговори отпочнат, ќе може да се создаде неопходната атмосфера која ќе помогне за пронаоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името дури и пред  да се отворат поглавјата во преговорите“. Унијата реши да ја турка формулата за отпочнување на преговорите и решавање на името во рана фаза затоа што е загрижена дека оваа позиција во земја со кревка демократија само ги влошува состојбите во државата.  Настаните од 24 декември, според ЕУ, се директна последица на замрзнатата состојба на Македонија во процесот на евроинтеграција. Останатиот дел од извештајот е јасен. Тоа е како чекање сведителство на крајот на годината. Самите ги знаеме оценките уште претходно. Она што најмногу ја загрижува Унијата, е враќањето назад, влошување на состојбите во одделни области, па мораше да повикува Македонија да ги почитува европските конвенции за човекови права. Тоа е селективно делење правда, честото изрекување на притвор и времетраењето на притворот. Притисокот врз медиумите и слободата на изразување, како и досегашниот начин на рекламирање на власта во медиумите за Европската унија е неприфатлив. Клучен збор за нашата земја во наредниот период ќе биде имплементација, а за Европската унија, клучниот збор го кажа еврокомесарот Фуле, тоа е - кредибилитет.
Фактор Ви ги презентира ставовите на дел од македонските новинари за извештајот на ЕК.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад