Српскиот нарко бос Дарко Шариќ е во бегство, испрал 1,7 милиони евра
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2013 10:02
Oбвинителството за организиран криминал и српската полиција изминатите три години водат акција за разоткривање на перење пари во Европа. Како што објави Блиц, се работи за импознатна цифра од 1,7 милиони евра кои како што постојат сомневања, Дарко Шариќ, нарко-бос во бегство ги вложил во српската економија.
Шариќ како што се сомнева полицијата парите ги испрал давајќи кредити кои во Србија ги зеле околу 600 фирми, пишува Блиц.
Претходно српски медиуми јавувија дека Шариќ создал „машинерија“ за перење пари. Основани биле најмалку 50 фирми чија цел била во легални текови да уфрлат пари заработени од трговија со кокаин. Досегашните податоци укажуваат дека се испрани најмалку четири милијарди евра, но сомненијата се дека таа цифра е двојно повисока. Шариќ станал сопственик на фирми во Војводина, хотели, угостителски објекти, дискотеки, стотина станови.Вистинските последици за таквото работење особено кога станува збор за приватизации, се уште не се согледани до крај. Списокот на фирми преку кои работел тој во Србија не е конечен бидејќи десетина негови соработници биле ангажирани за формирање фирми за перење пари, а секој од нив од исти причини направил своја мрежа на фирми.
Истрагата засега утврдила дека Шариќ основал три фирми во американскиот град Делавер и тие како основачи се појавуваат во повеќе од 30 фирми, неколку клубови, хотели па дури и градинки. Девет фирми се основани во Црна Гора, две во Ровињ, Хрватска, една во Прага и 25 во Србија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





