19 Декември, 2025
0.0401

Давос 2013: Еврото се враќа на сцена, но борбата не е завршена!

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2013 04:11

Добивај вести на Viber

Претседателот на Европската централна банка  Марио Драги денеска го поздрави „враќањето“ на еврото на сцена, но укажа и дека треба уште многу да се направи на планот за зајакнување на економиите од еврозоната кои беа погодени од рецесијата.

За време на своето обраќање на Светскиот економски форум во Давос, Драги  истакна дека преземените мерки во земјите погодени од кризата биле „неизбежни“. „Мислам дека минатата година би требало да биде запамтена како година на враќање на еврото на сцена“, тече тој.

Претседателот на ЕЦБ нагласи дека владите на земјите-членки на еврозоната брзо презеле структурни реформи и сега „ги собираат плодовите“. Драги додаде и дека и ЕЦБ презела одредени акции, меѓу кои и доделување на 1.000 милијарди евра за ликвидноста на банките.

„ЕЦБ неодамна соопшти дека програмата за купување на обврзници од презадолжените земји се покажа како многу успешна и оти помогна за намалување на перцепцијата дека еврото се наоѓа на работ од колапсот“, наведе Драги, додавајќи дека се уште е рано да се објави крај на борбата.

Можеби ќе ве интересира

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците