05 Декември, 2025
0.0329

Де Прето бара развој на инфраструктурата, Јанакиески се пофали со нови автобуси и железница

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2013 20:07

Добивај вести на Viber

Обновата на возниот парк на ЈСП „Скопје“ и напредокот за подобрување на патната и железничката инфраструктура долж паневропски коридори 8 и 10 се главните проекти со кои министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се пофали денеска за време на средбата со генералниот секретар на Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ) Умберто де Прето.

Како што соопштија од министерскиот кабинет, Јанакиески пред високиот гостин ги презентирал активностите за изградбата на автопатот на потегот Демир Капија – Смоквица и проектите за ремонт на пругите долж Коридорот 10, како и рехабилитацијата на железничките станици и набавката на нови дизел и електромоторни гарнитури и вагони за потребите на железницата.

Од друга страна пак Де Прето ја истакнал стратешката позиција на Република Македонија во развојот на туризмот и трговијата, при што, како што стои во соопштението, нагласил дека клучно за нивниот развој е континуираното инвестирање во инфраструктурата. Според него влезот на Хрватска во Европската унија ќе има  позитивно влијание во транспортот, но Македонија не треба да биде свртена само кон земјите од Европа, туку да ги искористи можностите кои и се отвораат во развојот на транспортот кон источните земји посебно Блискиот Исток и Африка.

Како што се додава во соопштението од кабинетот на Јанакиески, генералниот секретар го поздравил начинот на кој во Република Македонија по електронски пат се врши распределбата на транспортни дозволи и изрази заинтересираност на следната распределба да испратат свој претставник кој ќе ја следи со цел претставување на истата како пример на добри практики,

Де Прето и утре останува во земјава во рамките на својата прва официјална посета откако стана нов генерален секретар на  најголемата транспортна асоцијација во светот (ИРУ), со седиште во Женева. Тој доаѓа по покана на СИЗ за патен транспорт Македонија сообраќај -АМЕРИТ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите