Дебарскиот градоначалник ги повика заразените да не се шетаат низ градот и по маркети
Објавено во: Корона Вирус 07 Април, 2020
Веќе трет ден нема новозаразени од коронавирус во Дебар. Бројката останува на 49, а од нив две лица од општина Центар Жупа. Од вкупниот број заразени, 14 се излекувани, додека четворица починаа. На домашно лекување се 13 лица, а 73 лица се во самоизолација, што е за 15 помалку споредено со вчерашниот ден, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
Сепак, според него, епидемијата со коронаврусот не е надмината, поради што апелираше до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките.
„Посебно ги замолувам оние кај кои веќе е дијагностициран коронавирус да не излегуваат од своите домови. Како Оперетавен штаб имаме сознание дека некои од овие лица се движат низ градот, а се видени и во маркети. Тие се конролираат од полицијата, но го користат вакуум просторот од една до друга контрола и излегуваат надвор“, рече Дука.
Тој оцени дека безбедносната состојба е добра, не е забележано непочитување на одлуката за забрана за движење, а армиските патроли редовно ја контролираат границата и таму не се забележани прекршувања.
„Институциите непречено ги одвиваат своите рутински обврски и тие се на нивото на нивната задача. Снабдувањето со прехранбени и други артикли и лекови оди непречено, според воспоставениот протокол“, нагласи Дука.
Според него проблем се појавил околу наставата од далечина и побара од операторите да бидат посолидарни и да ги зголемат бесплатните гигабајти за корисниците.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.