17 Декември, 2025
0.3819

Дејан Георѓиевски: Моќта на зборот! Преку почитување на стандардите до поголема безбедност од тужби за клевета

Објавено во: Македонија 10 Мај, 2018 06:44

Добивај вести на Viber

Тенка е границата која ја дели веста од клевета и закана.Новинарите секојдневно се изложени на потенцијална опасност од тужби. Поради тоа  преку сервис за бесплатна правна помош  ќе им се помага ако  случајно или ненамерно објавиле некоја вест која во правната пракса лесно станува клевета или навреда. Потребна е посебна обврска и внимателност  но и оние што ја имаат моќта ќе се воздржат од тужби против новинари-вака Дејан Ѓоргиевски од Центарот за развој на медиуми ги објаснува новитетите во проектот – бесплатна првна помош.

“Програмата „Бесплатна правна помош за новинари и медиуми тужени за навреда и клевета“, од оваа година ќе го применува принципот на финансирање по случај, наместо досегашниот месечен паушал за Адвокатската канцеларија „Медарски“.Првата измена е во тоа што бројот на случаи што ги покрива грантот е ограничен, за оваа година, на пет нови случаи на новинари и медиуми тужени или гонети поради нивното известување. Втората измена е што престанува принципот на „отворена врата“, односно, обврската на адвокатската канцеларија со која соработуваат да ги прифати сите случаи на новинари тужени за навреда и клевета”

Според Ѓеоргиевски досега адвокатскиот тим има  застапувано 60-тина новинари, главно во тужби за навреда и клевета, но и во други случаи (Кежаровски, 24 декември, и сл.). Стапката на успех  вели  е високи  95 отсто.

“Нема веќе принцип на отворени врати во Адвокатска канцелариј Медарски, кој досега ги примаше сите новинари тужени за навреда и клевета, а компензацијата му беше во форма на месечен паушал. Од сега се преминува на приод во кој новинарите треба да аплицираат ако им е потребна бесправна правна помош. (деталите, формуларот на http://www.mdc.org.mk, па во десното мени под логото на МЛДИ е линк до страната каде што е формуларот. ЦРМ и Адвокатска канцеларија Медарски ќе ги разгледуваат апликациите, ако ги има и ќе одлучат дали ќе биде прифатен случајот, секако, по состанок со тужениот новинар”- додава Георѓиевски.  

 Бројот на тужби како што вели  постојано се намалува, пред се поради збогатувањето на судската пракса, кон која има придонесено и оваа програма,потоа  преку давање квалитетна правна помош на новинарите што инаку, со оглед на финансиската и економската состојба во медиумите, тие тешко би можеле да си ја дозволат.

“За новинарите, сметаме, најголема одбрана е придржувањето и почитувањето на професионалните стандарди. Навредата и клеветата не можат никогаш целосно да се исклучат како закана и средство за притисок наменето да ги замолчи новинарите или да ги одврати да известуваат за некоја тема, и таа постои и во најразвиените демократии. Се работи за приватно право и за мошне приватно, лично чувство дали некој се чувствува навреден или наклеветен. Генерално, немам некаква општа статистика, ниту посебна, меѓутоа заклучоците на повеќе странски извештаи и документи, вклучително и Прибе и Реформските приоритети на ЕУ, како и општоприфатената позиција дека на правосудството му треба длабока реформа значи дека малку е веројатно дека новинарите посебно се издвојуваат од другите граѓани.Известувањето, ако не содржи лажни информации предадени со цел некому да нанесат штета по угледот и честа, ако се работи за прашање од јавен или поширок општествен интерес, не мора да се плаши дека ќе биде прогласено за клеветничко. Новинарите треба да ги почитуваат стандардите на професијата и мислам дека ќе бидат безбедни. Секако, и предвидената реформа на правосудството ќе помогне кон таквото чувство на зголемена сигурност”- нагласува Георѓиевски.

Програмата за бесплатна правна помош за новинари и медиуми инволвирани во судски случаи за навреда и клевета  беше воспоставена во 2013 година, а  потребата од таквата програма тогаш беше повеќе од очигледна.

„Декриминализацијата на клеветата и навредата со Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета во ноември 2012 година настапи во момент кога пред кривичните судови во државата имаше околу 330 активни случаи во кои новинари и медиуми беа тужени за навреда и клевета. Сите тие случаи, со стапувањето на сила на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета требаше да преминат од кривична во граѓанска постапка. Во првата година, програмата покри вкупно 31 случај префрлени од кривична во граѓанска постапка”- потенцира претседателот на Центарот за развој на медиуми.

Преку Програмата за бесплатна правна помош  одбрана добиле новинари и медиуми во повеќе од 50 случаи.

Можеби ќе ве интересира

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!