11 Декември, 2025
0.3700

ДЕЈАН СИПКОВСКИ: Постојат основани сомнежи дека Мартин бил наведен и наместен, изложен на притисок да побегне во Србија

Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2025 21:55

Добивај вести на Viber

Со длабока болка и неверување ја споделувам трагичната вест за смртта на мојот син, Мартин Сипковски, кој загина во експлозија во Белград. Мартин имаше само 21 година, пишува на Фејсбук, Дејан Сипковски, таткото на момчето кое пред неколку дена загина во Белград.

Вели дека во јавноста се појавија бројни шпекулации и неточни информации дека Мартин бил поврзан со поставување експлозив. 
„Сакам јавно и одговорно да кажам дека тоа не е вистина! Мојот син беше бунтовен, како и многу млади луѓе во тие години. Имаше детски и пубертетски грешки, но никогаш не бил насилен човек и никогаш не би одзел туѓ живот. Имаше судири со законот, но никогаш поврзани со тежок криминал. Мартин беше цела една година во домашен притвор во Македонија, во нашиот дом, во рамки на истрага која од самиот почеток беше сомнителна, бидејќи сите докази укажуваат дека тој воопшто не бил присутен на местото на настанот. Особено е важно да се нагласи дека Мартин не беше првообвинет во случајот. Под сомнителни околности, подоцна беше вклучен во процесот, иако првообвинетиот одамна е избеган во Белград и не живее во Македонија. Според достапни информации, првообвинетиот има сериозно криминално досие. Нашето семејство смета дека ваквиот тек на настаните е длабоко неправеден и бара сериозни одговори како и зошто Мартин бил вовлечен во нешто со што немал никаква вистинска поврзаност. Мартин беше длабоко исплашен и разочаран од пресудата, бидејќи на семејството и нему му беше јасно дека таа не беше оправдана. Тоа го разочара од системот и општеството, и го направи да се чувствува изолирано и неспособен да најде вистинска заштита или правда. Семејството очекуваше дека со жалбата што ја поднесовме, Мартин ќе биде ослободен, бидејќи немаше конкретни докази против него. Но, пред тоа да се случи, тој замина во Белград — исплашен, збунет и, како што веруваме, измамен и злоупотребен од луѓе кои ја искористиле неговата доверба и страв. Постојат основани сомнежи дека Мартин бил наведен и наместен, изложен на притисок да побегне во Србија, со лажни ветувања дека подоцна ќе може да замине во трета држава. Затоа бараме целосна, темелна и објективна истрага, не само од надлежните органи во Србија, туку и од институциите во Македонија. Вистината мора да се открие до крај и да се расчисти секој чекор што довел до оваа трагедија. Свесен сум дека вистината секогаш има повеќе гледишта — но едно е сигурно: Мартин не беше сторител, туку жртва на околности и манипулации кои го надминале неговото искуство и возраста. Посебно сакам да упатам апел до медиумите и порталите, особено оние што некритички пренесуваат вести од Србија, да покажат одговорност, човечност и професионалност, и да ја пренесат оваа вест точно, објективно и со почит кон семејството. Разбирам дека медиумите живеат од читања и кликови, но зад тие наслови стои едно скршено семејство и млада ќерка од 17 години, која ги чита сите тие објави. Ние, како родители, знаеме дека тоа што се пишува не е вистина. Пишувањето без проверка не само што ја нарушува вистината, туку и ја продлабочува болката на сите што изгубиле нешто највредно“, пишува таткото. 


Мартин Сипковски (21), државјанин на Македонија, беше убиен во експлозија што се случи на 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

OJO ЗА НАПАДОТ ВО ИНФОМАКС: Осомничениот обил врати и се заканувал на новинари и на гостинот дека ќе ги убие

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски