26 Април, 2024
0.0274

Интервју со Дејвид Вилијамс, консултант за подобрување на безбедноста при работа

Дејвид Вилијамс: Максимална безбедност и заштита при работа - императив за Макстил

Објавено во: Економија, Интервјуа 28 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Дејвид Вилијамс е консултант за подобрување на безбедноста на вработените во производните процеси на големи фабрики од различни индустрии, ангажиран од Макстил, каде изминативе две години работи на подобрување на безбедносните перформанси во производните погони на компанијата и на воспоставување безбедносни процедури. На 28ми април, Светскиот ден за заштита и безбедност при работа, зборуваме со Вилијамс за тоа што сè Макстил направи да ја зголеми безбедноста на своите вработени и како тоа се одрази врз задоволството на вработените.

Со воведување на методологијата на континуирано подобрување на производниот процес се влијае на зголемување на безбедноста и редуцирање на незгодите, што во голем степен се одразуваат на прекинување на производството, загуба на време и средства, а неретко и врз вработените. Како еден од ретките експерти за воспоставување системи и процедури за безбедност во работниот процес, ваквите консултантски услуги се бараат насекаде во светот во различни индустрии и производни сектори.

Господине Вилијамс каква е потребата за воспоставување системи и процедури за безбедност во работниот процес. Дали станува збор за следење на трендовите или за неопходни подобрувања и унапредувања на условите за работа на вработените?

Вилијамс: Можеби започна како тренд, но безбедносните стандарди денес се неопходност особено во тешката индустрија. Иако, морам да признаам, дека во суштина во имплементирањето на овие стандарди почетна точка е волјата и желбата на менаџментот да ги обезбеди овие услови. Тие треба да бидат референтна точка за безбедносните стандарди и однесувањето на сите вработени. Нема конкретен закон или обврска, што надвор од основните безбедносни мерки, како знаење соодветно на профилот на работното место, почитување процедури, соодветна опрема и слично, наметнува воспоставување и унапредување на безбедноста на вработените во поширока смисла. До незгоди може да дојде при секаков производен процес, на што може да влијаат неколку  фактори, при што еден од основните е човечкиот, потоа следи функционалноста на опремата, но најчесто е непостоење на соодветни и строго дефинирани процедури. Така што, станува збор за неопходност.


Колку се следат трендовите за подобрување на условите за работа, дали има воопшто трендови и каде сме ние? Како земја, како компании, индустрии.

Вилијамс: Се повеќе индустрии кои имаат комплексен производен процес ја препознаваат потребата од воспоставување безбедносни стандарди и реагираат со соодветни мерки. Досега, лично јас сум бил консултиран од компании во САД, Јапонија и во повеќе земји во Европа.Потребата од зголемен степен на безбедност секаде е важна, но е поизразена во тешката индустрија, всушност таму би требало да биде императив.Голем број компании, па дури и од оваа индустрија не се свесни за можноста да ги избегнат незгодите, коишто во еден ваков производен процес може да се случат и тоа најчесто е резултат на човечка грешка, превид или невнимание. Токму поаѓајќи од оваа идеја, менаџментот на Макстил ме повика да ја проценам моменталната безбедносна состојба, во споредба со компаниите каде што сум помогнал во зголемување на безбедноста и заедно да работиме на подобрување и унапредување на безбедносните стандарди и перформанси, преку следење на зачестеноста на повредите во последните дванаесет месеци, кој само за илустрација беше релативно константен во последните три години и изнесуваше 35. Целиот процес на подобрување започна со евалуација на подготвеноста на Одборот на директори за воведување на потребните промени во работењето, кои потоа требаа да претставуваат основа за безбедносните стандарди и однесувањето на сите вработени во компанијата, при што главен акцент беше ставен на безбедноста на вработените. За таа цел, целиот менаџмент на Макстил беше вклучен во овој процес, од членовите на Одборот на директори, членови на менаџерскиот тим, па се до линиските менаџери, кои се предводници на целиот процес и се разбира поддржани од Секторот за безбедност и здравје при работа. Сите се посветија на оваа цел и со нивна целосна поддршка и помош направивме многу и досега постигнавме одлични резултати. Веќе сега можеме да кажеме дека, подобрувањето на безбедносните стандарди во Макстил е значително дури и поголемо од очекуваното.


Кои промени се преземени и дали и како тие влијаат на производствениот процес и на работните одговорности на вработените?

Вилијамс: Целата програма, којашто е предвидено да се имплементира во период од 3 до 4 години, е основана на 10 безбедносни принципи коишто за првпат го вклучуваат и принципот “здравје и добросостојба”. Исто така, воведени се и нови иницијативи како безбедносни  тури низ фабриката, подготовка на извештаи за сите инциденти и незгоди при работа со детален увид на самото место на настанување и евалуација дали имплементираните противмерки биле успешни. Почнувајќи од декември 2018 година кога првпат започнавме со подобрување на безбедноста, во Макстил е постигнат голем напредок. Се работеше индивидуално, со сите членови на менаџерскиот тим и на тој начин беа спроведени специфични иницијативи. Работата со линискиот менаџмент овозможи загарантирано спроведување на програмата, којашто, исто така е поддржана и препорачана од членовите на Секторот за здравје и безбедност при работа. Преземените иницијативи вклучуваа обука за лидерски практики за безбедност, воспоставување на основите како што се задолжителна употреба на лична заштитна опрема, вклучување на сите вработени во проектот „Време за безбедност“. Така, и покрај пандемијата до крајот на 2020 година, со воведувањето и примената на безбедносните мерки, перформансите се подобрени, а индексот на зачестеност на повредите е намален од 13,5 на 3,1. И од досега внесените подобрувања, зборувам за активности како што се инсталирање на нови безбедносни дигалки во погоните, подобрување на системот на противпожарна заштита, подобрување на работните услови во операторските кабини, потоа реновирање на соблекувалните, веќе значително се намалени шансите за случување на незгоди од различен карактер.

Колку се вложува во подобрување на безбедноста на работните процеси?

Вилијамс: Многу се вложува и тоа континуирано. Не е можно еднаш да се воспостават стандарди според кои секогаш ќе се функционира, туку потребно е континуирано унапредување и надградување на целиот безбедносен систем. За обемноста на еден ваков процес и аспект на времетраење, говори примерот со Макстил - процесот е започнат во 2018 година и се уште трае. Со цел да се реализира намалувањето на повредите (“Zero by choice”), Макстил применува долгорочен процес од неколку фази кои се одвиваат сукцесивно во текот на неколку години. И многу поважно, за подобра ефективност на внесените промени формиран е интердисциплинарен тим за утврдување на причините кои придонеле за помали и поголеми инциденти при работа, а вклучени се сите менаџери од највисоко ниво по хоризонтала, како и линиските менаџери. Воспоставувањето на безбедносните системи, е сложен процес што е во склоп со работните обврски, така што освен финансиска инвестиција, тоа е материјално вложување, работна сила, и секако време.


Подобрувања за спречување на незгоди наспроти фактичките незгоди - дали има анализа со досега воведените подобрувања, колку незгоди биле избегнати?

Вилијамс: Секако постојат и се спроведуваат мерења, се изготвуваат извештаи кои се релевантни на внесените промени. Се користи стандардната методологија за решавање на проблеми, заснована на 8Д формат, која акцентот го става на тоа дека ниту еден проблем не би требало да се повтори, туку секој проблем треба да биде решен во целина, а се заснова на утврдување на причинско-последичната врска на настанувањето на проблемот и воведување корективни и превентивни мерки. Исто така, една од клучните промени во Макстил чија цел е влијание врз целосното подобрување, беше создавање на интердисциплинарен тим за истражување на изгубеното ефективно време поради незгодите при работа и констатацијата беше дека како резултат само на првата фаза од промените беше постигнато намалување на индексот на зачестеноста на незгодите на 13,5 или приближно подобрување за 230 отсто.

Што значат подобрените безбедносни услови во производствените процеси во Макстил?

Вилијамс: Тоа што досега е постигнато во Макстил, можам да потврдам дека е креирана атмосфера каде вработените се чувствуваат максимално безбедни во текот на извршувањето на своите работни обврски. Сега во Макстил сите производни процеси, во Челичарница или во Валавница се контролирани и дополнети со безбедносни протоколи и процедури. Секој знае во која фаза од процесот, каде треба да биде, што да прави а што не и секој знае да изреагира соодветно доколку е потребно.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката