Дел од горивата поевтинуваат за половина денар
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2012
Дизелот и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар. Цената на Еуросупер БС-95 останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија Еуросупер БС-98 ќе се продава за 84,5 денари за литар, а Еуродизелот за 71,5 денари. Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 60денари. Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 43,4 денари за килограм.