05 Декември, 2025
0.0728

Дел од таксистите во Скопје преќутно го поскапеа превозот и возат по непостоечки тарифи

Објавено во: Економија 21 Август, 2025 11:24

Добивај вести на Viber

Во последните десетина дена ако сте се возеле со некоја од скопските авто-такси компании сигурно сте забележале дека за истата дестинација ви наплаќаат за дури 30 отсто повеќе од вообичаено. Сепак, никаде нема официјална одлука за поскапување на такси-превозот бидејќи тарифникот се усогласува со одделот за сообраќај на Град Скопје, и се гласа на Советот на Град Скопје.

Последната одлука за промена на тарифите на такси превозот е од 2022 година, значи дека дел од таксистите, без оглед што возат за регистрираните такси компании, неовластено наплаќаат повеќе од предвидената сума.

„Цените од пред три години се наштелувани во таксиметарот и само тие три тарифи смеат да ги употребуваат. Исто така и на задните стакла од вратите треба да го имаат истакнато ценовникот по која тарифа возат“, вели за Фактор Сашо Рајчановски Претседател на Групација на авто такси превоз на Град Скопје и член во советот за сообраќај во Град Скопје.

Бидејќи такси-метрите се штелувани според трите тарифи од 2022 година, дел од таксистите возат според третата, најскапа тарифа, но за тоа нема никаква правна основа, бидејќи оваа тарифа се применува само кога цената на горивото е над 120 денари за литар.

Имено, повеќето од таксистите кои возат по „новите“ цени, всушност возат со старт од 60 денари, 35 денари за изминат километар и 420 денари за чекање еден час во место.

Постоечкиот ценовник предвидува прва тарифа со 40 денари старт, 25 денари за изминат километар и 300 денари за чекање еден час во место под услови горивото да чини до 75 денари за литар и втора тарифа со старт од 50 денари, 30 денари за изминат километар и 420 денари за еден час чекање, но под услов просечната цена на горивото да изнесува над 75 денари за литар.

Во последните три месеци само на крајот на јуни просечната цена на горивото изнесуваше над 75 денари за литар, мерено според податоците на gorivo.mk. Тоа значи дека ниту втората тарифа од 50 денари старт со 30 денари изминат километар и 420 денари чекање еден час не е постојано оправдана.

Сепак, контролите на таксиметрите и наплатата во такси возилата ретко се спроведува, што ги остава потрошувачите на овие превозни услуги незаштитени.

Исто така голем проблем за Скопјани, во услови на руиниран градски превоз, и небезбедни услови за движење на пешаци и велосипедисте, се и дивите таксисти кои цените буквално ги „вадат од ракав“. Така на пример за возење кое вообичаено чини 150 денари може да ви наплатат дупло, за кратки релации низ централното градско подрачје.

Дивите таксисти станаа многу вешти во изминатите неколку години со тоа што користат табли на кои се испишани имиња на постоечки такси компании, но тие воопшто не возат за нив, ниту се поврзани со некаква централа.

„Имам информација дека 70% од таксистите во Скопје се ,,диви“. Немаат лиценци, немаат таксиметри, возилата не ги исполнуваат условите за такси превоз на патници. Не дај Боже да се случи нешто тогаш сите ќе бегаат од одговорност. Многу пати последниве години е барано средување на авто-такси превозот ама надлежните од Градот Скопје го игнорираат тоа барање“, потенцира Рајчановски.

Дивите таксисти најчесто се стационирани околу Меѓуградската автобуска станица, кај хотелот Холидеј Ин, такси станицата спроти Министерството за правда или поранешно „Мекдоналдс“ и на други точки во градот каде најчесто се движат туристи или граѓани од внатрешноста на Македонија кои не се добро запознаени со етаблираните такси-компании. И тоа е многу лесно воочливо и видливо, но нема конкретни чекори од надлежните.

Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?