ДЕЛБА НА БДП: разликите меѓу сиромашните и богатите стануваат сѐ поголеми во Македонија!
Објавено во: Анализа 11 Јуни, 2014 09:08
Според податоците на државниот завод за статистика, 10% од најсиромашното население во земјава, годишно трошело по 777 евра за храна и безалкохолни пијалоци или по 64 евра месечно. За разлика од нив, 10% од најбогатото население во земјва годишно трошело по 4.180 евра или месечно по 348 евра.
Тоа значи дека 10% од најбогатото население за храна и безалкохолни пијалоци трошело 5,4 пати повеќе пари од 10% од најсиромашното население.
Најсиромашните десет проценти пак годишно трошеле 13 евра за облека и обувки, наспроти 1.140 евра што за истата намена ги трошеле најбогатите десет проценти од населението во земјава.
Анализата на податоците покажува дека најсромашното население дури 79,2% од парите ги трошеле за храна и безалкохолни пијалоци, по околу 4% од вкупната сума трошеле за алакохол и тутун, потоа за здравје и исто толкав процент за покуќима. Додека пак, 10% од најбогатото население во земјава за храна и безалкохолни пијалоци трошеле 24,5% од парите, 14,9% за станарина, електрична енергија, вода 9,35 за сообраќај а ,6,8% за облека и обувки.
Годишен одмор може да си дозволат само 27,9% од домаќинствата
Според податоците, само 54,2% од населението во земјава може адекватно да го затопли домот, 27,9% може да со дозволи една недела годишен одмор, 7% може да си дозволи замена на мебелот. Само 45,8% може да си дозволат да јадат риба или месо секој втор ден, а 44,5% од домаќинствата во земјава може да си дозволат излегување на вечера еднаш месечно. Сепак, податоци се поразлични ако се анализираат дали домаќинствата се земјоделски, мешовити или неземјоделски.
Според анализата на податоците се гледа дека 54,4% од домаќинствата сметаат дека за да може нормално да живее едно семејство месечно му се потребни повеќе од 30.000 денари, додека пак 25,9% сметаат дека се потребни од 23.000 до 30.000 денари, 9,5% од домаќинставата сметаат дека за нормален живот на едно семејство му се потребни меѓу 18.000 и 23 000 денари, а 6,5% сметаат дека му се потребни меѓу 14 000 и 18 000 денари.
Анкетата на државниот завод за статистика покажува дека 40,6% од населението смета дека месечните приходи главно не ги задоволуваат потребите, 33,9% сметаат дека главно ги задоволуваат, додека пак 20,7% сметаат дека месечните приходи во целост не ги задоволуваат ппотербите, а само 4,8% сметаат дека во целост го задоволуваат.
Н.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





