Delfino Mobility Group – Од идеја до регионален лидер за 30 години
Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2025 12:17
Delfino Mobility Group со голема свеченост одбележа 30 години постоење и успешно градење на бренд кој денес претставува симбол на мобилноста, довербата и растот во Македонија и регионот. Семејната компанија, создадена со визија и посветеност и поставена на цврсти темели, интегритетот и семејни вредности ја движат напред и денес како и претходните три децении.
Delfino Mobility Group денес управува со богато портфолио кое ги вклучува Sixt Македонија, Sixt Албанија, Delfino Hub, Delfino Home, Altasnet Yachts, Artisan Distillery, како и автомобилските брендови Geely и Lynk & Co. Со 17 бренда, позиционирани на 3 пазарии со тим од речиси 100 луѓе кои се вистински еко-систем на раст и амбиција, израсна во регионална компанија која ја гради иднината на мобилноста во регионот.
„Пред три децении започнавме со визија за мобилноста во Македонија и регионот. Јас сум дел од Делфино една третина од неговото постоење.Кога се приклучив пред 10 години, бевме компанија која го носеше името на Sixt во Македонија, заедно со нашата туристичка агенција Делфино Травел, а денес сме регионална компанија која што е симбол на иновација, доверба и раст. Но она што нè прави навистина посебни е што сме семејна компанија изградена од две генерации и со визија за развој. Благодарност до сите партнери, вработени и пријатели што се дел од ова патување, ова е само почеток на уште поамбициозно поглавје“, изјави Илија Тоневски, извршен директор на Delfino Mobility Group.

Преку континуирана работа, иновации и стратешки партнерства, Delfino Mobility Group изгради препознатлив имиџ на лидер во индустријата.Компанијата повеќе од дваесет години управува со франшизата на Sixt во Македонија, а од 2023 и во Албанијаи денес располага со повеќе од 1500 возила низ регионоти постојан фокус на унапредување на искуството на клиентите.
Во 2023 година компанијата го збогати своето портфолио со воведување на глобалниот автомобилски бренд Geely на македонскиот пазар, потег кој предизвика огромен интерес кај купувачите и веднаш се позиционира како еден од најдинамичните авто-брендови кај нас. Geely во својата групација поседува светски познати брендови како Volvo, Polestar, Lynk & Co, Zeekr и Smart, а има удели и во Aston Martin и Daimler, како и мултимилијардерско партнерство со Renault, што дополнително ја потврдува технолошката извонредност и глобалната конкурентност на брендот. Воведувањето на Geely значи и отворање на ново поглавје за Delfino Mobility Group, којашто со тоа го потврди својот лидерски статус и визија за иднината на мобилноста.

Јубилејот беше одбележан со голема прослава во Националната опера и балет, во присуство на повеќе од 600 гости, соработници од Македонија и странство, вработени и пријатели на компанијата. Настанот уште еднаш го потврди угледот и влијанието на Delfino Mobility Group како компанија што не само што ја движи индустријата, туку и гради мостови на соработка, доверба и семејна традиција.
Со овој јубилеј, Delfino Mobility Group уште еднаш ја зацврсти својата позиција како двигател на промените и иновациите, подготвен да го продолжи патот на успех и да отвора нови хоризонти во мобилноста и модерниот животен стил.
ПР објаваГАЛЕРИЈА
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





