18 Декември, 2025
0.0548

ДЕЛТА СОЈОТ ГО ОСВОЈУВА СВЕТОТ: Европа ги враќа мерките, Блискиот Исток и Северна Африка се соочуваат со катастрофа

Објавено во: Свет 16 Јули, 2021 13:49

Добивај вести на Viber

Земјите од Блискиот Исток и Северна Африка бележат зголемување на случаите на корона вирусот предизвикани од делтата варијанта, а ситуацијата може да се влоши во наредните недели, соопшти Светската здравствена организација.

Зголемување на бројот на инфекции е забележано во Либија, Иран, Ирак и Тунис, додека регионот оди кон „критична точка“, соопшти регионалната канцеларија на СЗО за Источен Медитеран.

СЗО предупреди и на можните „катастрофални последици“ од муслиманскиот празник Курбан Бајрам, кој започнува во недела на 20 јули и традиционално се слави на големи собири, пренесува Си-Ен-Ен. Тунис, една од најтешко погодените арапски земји од делта сојот, повторно воведе карантин и побара помош од земјите од Арапскиот Полуостро, бидејќи како што велат властите во Тунис, нивниот здравствен сектор се соочува со „катастрофа“.

Саудиска Арабија објави дека ќе испрати милион дози вакцини во Тунис, а ОАЕ веќе донираше половина милион вакцини.

Иран, кој е еден од најпогодените региони од почетокот на пандемијата, за малку ќе го собореше својот дневен рекорд откако во четвртокот пријави повеќе од 23.000 нови инфекции. Дневниот просек е скоро двојно зголемен во последните четири недели, а бројот на смртни случаи во текот на 24 часа е исто така зголемен во последните две недели.

Делта варијантата беснее и во Европа. Во Австрија бројот на новоинфицирани е двојно зголемен за една недела. Во последните 24 часа се регистрирани 341 нова инфекција и еден смртен случај.

Само пред една недела имаше 163 нови инфекции. Иако бројот на новоинфицирани лица драматично се зголеми во изминатата недела, бројот на хоспитализирани пациенти со ковид е „мирен“.

Во Русија, пак, има рекорден број на смртни случаи четврти ден по ред. Таму починаа 799 лица во изминатите 24 часа како резултат на заразата

Во Русија, бројот на новоинфицирани со вирусот нагло се зголеми во последните неколку недели, а лекарите веруваат дека ова е последица на ширењето на многу позаразниот делта сој и мал број вакцинирани.

Дел од земјите во Европа полека ги враќаат рестриктивните мерки. Во Холандија властите повторно порепорачаа да се работи од дома, во Грција влез во затворени кафулиња, ресторани...се дозволува само на вакцинираните.


Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина