05 Декември, 2025
0.0440

Демант од Град Скопје за текстот за подземната сообраќајница

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2013 11:40

Добивај вести на Viber

Во врска со невистините наводи и грубите дезинформации, објавени од Вашиот портал „Фактор“, во написот: Компанија од Билбао ќе прави проект за подземна сообраќајница од мостот “Гоце Делчев“ до “Комплекс Банки“ градот известува: Авторот на текстот грубо манипулира со Вашите читатели, преку голата презентација на наводите дека  „Интересно е што Градост Скопје го додели тендерот на оваа компанија од  Билбао, Шпанија без објавување на оглас“, како и наводите „Исто така интересен е и податотокот што проценетата вредност на Градот Скопје за  изработката на овој документ е 48.780 евра, идентична сума со онаа за  која “IDOM INGENIERIA Y CONSULTORIA S.A.“ се нафати да го изработи  основниот проект за оваа подземна сообраќајница.“ се целосно невистинити и извадени од контекст. Градот за секој склучен договор, согласно со Законот за јавните набавки во  законски утврден рок на Веб страната на Бирото за јавни набавки /ЕСЈН/, објавува Известување за  склучен договор, од каде што јавно се достапни сите информации поврзани со  видот и начинот на спроведување на постапката за јавна набавка кои  претходеле на конкретниот договор. Во врска со текстот објавен од „Фактор“ станува збор за Договор за дополнителни услуги за изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на Основен проект за подземна сообраќајница од мостот „Гоце Делчев“ до „Комплекс Банки“, заедно со потребните сообраќајници за влез и излез со вклучена  ревизија, кој е склучен на износ од 3.000.000,00 денари, за кој Градот Скопје на 08.02.2013 година објави јавно на Веб страната „Известување за склучен договор за дополнителни услуги“, а по претходно спроведена постапка со преговарање без претходно објавување на оглас согласно со член 99, став 1, точка 4 и став 2 од Законот за јавните набавки (за набавка на дополнителни работи или услуги кои не се вклучени во основниот договор, а кои поради непредвидени околности се нужни, под услов договорот да му се додели на изведувачот на работите или давателот на услугите од основниот договор кога таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одвоени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот  орган). Од овде, произлегува дека е невистинит исказот дека Градот Скопје не спровел постапка за јавна набавка. Градот Скопје спровел постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, бидејќи станува збор за набавка на дополнителни услуги кои се поврзани со доработката на основниот градежен проект. Во врска со исказот дека Градот Скопје за доработка на проектот платил идентична сума како и за основниот проект е целосно невистинит. Имено, за изработка на основниот градежен проект за подземната сообраќајница Градот Скопје има претходно спроведено отворена постапка, за што има објавено и оглас бр.167/2011, која постапка резултираше со склучување на Договор за изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на основен проект за  подземна сообраќајница од мостот „Гоце Делчев“ до „Комплекс банки“,  заедно со потребните сообраќајници за влез и излез,  со носителот на набавка „ИДОМ“ од Шпанија, на 30.03.2012 година, на износ од 33.990.000,00 денари, за кој Договор исто така  Градот Скопје јавно објави на Веб страната на ЕСЈН Известување за склучен договор. (Известувањето е објавено на 12.04.2012 година) Врз основа на претходното очигледно е дека Договорот за дополнителни услуги поврзани со основниот проект вредносно не е идентичен со Договорот за основниот проектот, туку процентуално изнесува 10% од вредноста на основниот договор, што е во рамките на Законот за јавните набавки. (Интегрален текст од Град Скопје)

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип