Демири од Левица денеска на суд за демолирање на канцеларијата на Иванов
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2016 11:19
Во Основен Суд 1 во Скопје денеска напладне е закажано рочиште за судењето на членот на Левица, Мариглен Демири за учество во протестите на „Шарената револуција“.
Демири е кандидат за листата на пратеници на Левица. Од партијата велат дека ова е притисокот на власта кон членовите на Левица.
„Левица и нејзиното раководство како и досега нема да потклекне пред овие подмолни притисоци од страна на репресивните апарати на државата. Секој наш член ќе биде бранет како симбол на нашата кауза за слободно и праведно општество. Во оваа наша мисија ги повикуваме сите граѓани и другари да го кренат својот глас и да ја поддржат Левица во борбата со неправедните судови и судии кои се само еден од приврзоците на оваа криминална власт“ - стои во соопштението од Левица.
Демири се товари за учество на протестите годинава како еден од демонстрантите кои ја демолирале Народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.
По барање на Државното правобранителство за дополнително разгледување на доказите на одбраната и подготвување за да се произнесе за штетата, судската расправа на 25 септември беше одложена за денеска.
Левица денеска ќе одржи и прес-конференција.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




