18 Април, 2024
0.0292

Демири: Термините за магнетна резонанца ќе бидат објавувани на Мој Термин, нема да има снимање преку ред

Објавено во: Македонија 02 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Илир Демири во вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека има решение за потешкотиите што се јавуваат за закажување на магнетна резонанца и приоритет треба да им се даде на пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување и малигни заболувања, а сите други треба да се дисперзираат.

„Има решение, оти има злоупотреба, а пропо закажување на магнетна резонанца, оти има критериуми прво со кое *миџинг* техника се оди, па после доаѓаме до магнетна резонанца. Јас имам чувство дека многу пати се назначува магнетна резонанца без да има крајна цел, јасна индикација. Затоа е воведено во „Мој Термин“ некое ограничување кое важи за пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување, така, малигни заболувања, на тие да им се даде приоритет. Додека, сите други кои имаат потреба за магнетна резонанца треба да се дисперзираат. Значи, што сметам за тоа? Има магнетна резонанца во Прилеп, има магнетна резонанца во Тетово и треба да се дисперзираат пациентите со одредени патологии“, рече Демири.

Во вестите, Демири информираше дека веќе разговарал со директорот на „Мој Термин“ и се договориле листа на чекање да биде објавена во „Мој Термин“.

„И според таа листа која е електронска, откако ќе се внесат пациенти не може да се има упат, мој, твој, па да се прескокне редот. Тоа веќе е воведено и дадено како задолжение за да може да има покоректен пристап секој и да се чувствува посигурен. Ќе овозможам колегите оператори, хирурзи кои сакаат дополнителна пракса да може да работат и дополнително, но не на сметка на овие кои се комплетно покриени од Фондот за здравство. И нешто друго со што мислам дека ќе се согласи целата јавност за приватни пациенти ќе има една категорија независно дали се државјани на Македонија или доаѓаат од Сиднеј да се лекуваат тука. Значи тие ќе бидат приватни пациенти. Мислам дека меѓународно право вака ќе биде задоволно, како нашите граѓани кои одат по странство да се лекуваат, па плаќаат приватно и не се дискриминирани со нивните државјани. Ова е многу важно, јас повеќе сум за промоција на нашите стручњаци отколку за промоција на цени. Имаме доста квалитетни стручњаци кои може да повлечат пациенти тука и да одиме кон развој на медицински туризам“, изјави Демири.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?