Демографската криза: За 2 децении ќе се соочиме со страшни проблеми!
Објавено во: Економија 21 Јануари, 2013 13:04
Следниве три дена на Конференција во Скопје ќе се прави ревизија Стратегијата за демографски развој 2008-2015. Целта е да се увидат постигнатите резултати, како и она што треба да се измени за да се постигне подобрување на демографската слика во земјата.
„Во 2012 година во речиси 30 македонски општини има повеќе починати лица од новороденчиња. Имаме и големи општини во Македонија со изразито негативен прираст односно со две починати лица на едно новороденче - Битола, Карпош, Охрид, Берово Валандово, Вевчани, Велес, Вранешница, Гевгелија, Градско, Делчево, Кратово, Македонски Брод, Пробиштип.Заради тоа треба да се преземат нови мерки и иницијативи за справување со демографските предизвици и да понудиме решенија за надминување на демографската криза“, истакна заменик министерот за труд и социјална полтика Ибрахим Ибрахими. Според Ибрахими, ако се направи проекција за наредните 20 години, ќе се соочиме со страшна слика за демографските трендови во земјата. Зато се надева дека со помош на меѓународни експерти и носење на новата ревидирана стратегија ќе има конкретни резултати и ќе се сменат бројките во Македонија.Доина Болога, директор на УНФПА за Македонија се согласува со ставот на заменик-министерот Ибрахими, дека се потребни дополнителни сеопфатни мерки, покрај оние што веќе се применуваат.
Демографската слика е многу значајна за севкупниот општествен и економски развој на една земја, и поради тоа треба да се обрне големо внимание на надминување на негативните трендови, посочи Болога.На конференцијата во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцеларијата на Фондот за население во Македонија (УНФПА) учествуваат претставници од државните институции, граѓански здруженија, меѓународни организации.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





