Добивај вести на Viber
Денеска пратениците ќе гласаат за или против предлогот за враќање на дневната евтина тарифа за струјата, и за предлогот, граѓаните исклучени од парното греење да не мора да плаќаат за услугата што не ја добиваат. Расправата во собраниските комисии, не наговестува дека пратениците ќе дадат зелено светло за предлозите на АМАН. Најверојатно тие ќе гласаат против.
Можен е референдум?
Зорица Димовска која е овластениот претставник на граѓанската иницијатива АМАН објасни дека тие добиле покана за присуство на пленарната седница.Тие ќе го образложат нивното барање, но сепак Димовска посочува дека ако во понеделник предлогот не помине и пратениците не дадат зелено светло, тогаш можно е да се оди на собирање 150.000 потписи за референдум.
“Штом законодавната комисија ја одби инцијативата, очекуваме дека тоа ќе се случи и со Комисијата за економски прашања. Останува да видиме што ќе се случи на пленарната седница. Во очекување дека нема да има позитивен епилог, ни остануваат на располагање два механизми. Да продолжиме со протестите и да покренеме инцијатива за распишување на Референдум на кој граѓаните би се изјасниле дали се согласуваат со сегашниот начин и модел на пресметка на струјата и на парното греење“ – вели Александар Гочев од “Аман“.
Пред неколку дена Kомисијата за економски прашања го отфрли предлогот на АМАН со образложение дека доколку се врати дневната евтина тарифа, со тоа ќе се оптоварат електраните, дополнително, тоа ќе придонесе до зголемување на увозот на скапа струја, а со самото тоа ќе има и поскапување на електричната енергија. На комисиската расправа во прво читање, пратениците од албанска националност, ја поддржале иницијативата, додека останатите гласале против. Заменик-министерот за економија Христијан Делев, на седницата на комисијата, објасни дека Македонија е потписничка на Договорот за енергетска заедница и не може да преземе еднострани чекори оти во него е одреден начинот на наплата на струјата на заедничкиот европски пазар.
Експертите сметаат дека треба да се прифати предлогот
Дел од поранешните членови на регулаторната комисија за Фактор веќе образложија дека сметаат оти ќе биде грешка ако пратениците не го изгласаат предлогот за враќање на дневната евтина тарифа на струјата .
„Иницијативата на АМАН, за измени и дополнување на законот за енергетика, за враќање на дневната ефитна тарифа на струјата е правилна бидејќи освен пратениците и владата, секако и граѓаните имаат право да предложат закон. Тоа е сторено, собранието сега треба да го процесуира тој предлог и да расправа на пленарна седница, вели Рухи Бакију, поранешен член на РКЕ. Тој додава дека ако не се прифати овој предлог тогаш Собранието, односно пратениците, ќе направат грешка. Во таков случај тие ќе ја скршат демократијата, и тоа во еден легитимен предлог на граѓаните.
Од Хелсиншкиот Комитет очекуваат дека пратениците треба да застанат во одбрана на правата на граѓаните, иако им е јасно дека е тоа речиси невозможно.
“Уште пред да почнеме со суштински разговори ние знаеме дека пратениците имаат веќе однапред изграден став. Не очекувам успех на инцијативата иако станува збор за целосно граѓанска инцијатива “ – вели Неда Чаловска од Хелсиншкиот Комитет.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.