Демократски сојуз се жали на притисоци од власта- ќе ги известат МВР, ДИК, ОБСЕ, ОДИХР
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2016
Верица Филиповска, генерален секретар на Дeмократски сојуз денеска обвини за притисоци над членови и активисти на партијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Објаснува дека во последниот период се случуваат координирани и организирани притисоци врз нивни членови од функционери на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Целта на таквите влијанија е да се намали бројот на членството и активноста на Демократски сојуз како декларирана опозициска партија, во пресрет на претстојните вонредни парламентарни избори закажани за 11 декември 2016 г.одина Методите на притисоци главно се сведуваат на коруптивни понуди за вработување или напредување во кариерата, или пак, преку класични уцени и закани, при што од членовите на Демократскиот сојуз се бара јавно да се дистанцираат од политиките на партијата и декларативно да преминат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ“ - вели Филиповска.
Наведоа повеќе примери за притисоци врз нивни членови во Скопје и внатрешноста.
Од ДС велат дека за ваквите притисоци ќе бидат известени и МВР, ДИК, ОБСЕ, ОДИХР како и дипломатските претставништва.
За другите партии од коалицијата за промени и правда кажаа дека немаат информации дали се извршени вакви притисоци.