29 Ноември, 2024
0.0267

Демонстрантите и полицијата се судрија пред бугарскиот Парламент

Објавено во: Балкан 24 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Осум демонстранти и двајца полицајци се полесно повредени во синоќешните протести пред бугарскиот парламент, во кои, повеќе стотитици демонстранти се судрија со полицијата, спречувајќи ги пратениците да излезат од собранието, јави националното радио. Извикувајќи „Мафија“ и „Оставка“, противниците на Владата која ја водат социјалистите, фрлале пластични шишиња и други предмети врз добро обезбедуваниот автобус, со кој пратениците требало да заминат од Собранието, каде дебатираа за ребалансот на буџетот. По неколку обиди да го напуштат просторот околу Парламентот, автобусот ги врати пратениците во Собранието. Во раните утрински часови полицијата успеа да извлече од зградата на Парламентот тројца министри, пратеници, претставници на синдикатите и новинари. Во парламентарната зграда беа блокирани министерот за економија и енергетика Драгомир Стојнев, министерот за финансии Петар Чобанов и министерот за труд и социјална политика Хасан Адемов. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев апелираше синоќа за смирување на ситуацијата и избегнување на провокации. Демонстрантите синоќа, 40-ти ден по ред се собраа во центарот на Софија во знак на протест поради корупцијата и сиромаштијата, повикувајќи ја Владата на Пламен Орешарски предводена од социјалистите, да поднесе оставка.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“