06 Октомври, 2024
0.0629

Ден Д за Грција

Објавено во: Балкан, Економија 19 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Министрите на земјите од еврозомната на состанок во Луксембург бараат решение за кризата на грчкиот долг и останување на таа земја во Унијата. Без договор за продолжување на помошта на Грција и се заканува банкрот кон крајот на овој месец и можно излегување од еврозоната или дури од Европската унија. Освен министрите за финансии, на состанокот кој е ајавен како последна шанса за договор, учествуваат и претседателот на Европската централна банка Марио Драги и шефицата на ММФ Кристин Легард. За тоа време, грчкиот премиер Ципрас стигнал на Економскиот форум во Санкт Петербург, каде се очекува дека денес ќе разговара и со рускиот претседател Путин. Во минута до 12 за договор за Грција, и покрај големите вложувања , позициите на Грција и доверителите и понатаму се оддалечени, а договорот влијае помалку веројатно отколку пред неколку дена. „Потребно е кредибилно решение за грчката економија како и за еврозоната во целина, но најавите во очи пред денешниот состабок не даваат многу надеж“, вели Јерун Диселблум , претседавајќи со Еврогрупата. „Денес ќе ги претставиме идеите на грчката влада. Наша цел е наместо скапо несогласување да добиеме ефикасен консензус“, истакнал министерот за финансии на Грција Јанис Вруфакис. По седми пат министрите за финансии на еврозоната се состануваат во обид да пронајдат решение за грчката должнчка криза, но позициите влијаат подеднакво оддалечени како и првиот пат. Во случај на неуспех се очекува дека со ова прашање ќе се позанимаваат шефовите на државите на вонредниот самит викендов. Намалување на пензиите и реформи на ДДВ системот се прашања кои го блокираат договорот. Германската канцеларка Ангела Меркел во Бундестагот вели дека е уверена во понатамошен договор за грчкиот долг , но дека Грција мора да возврати со програма на реформи на кои се обврза уште во февруари. „Грција беше на добар пат на опоравување, но не го доврши програмот со реформи. Некои клучни структури повоторно и повторни се одложуваат“; вели Меркел. Грчката јавност не сака повторно заострување на штедњето, но  мнозинството е за останување во еврозоната. „Се надевам дека состанокот ќе помине добро. Не сум за излегување од еврозоната, тоа би било катастрофа. Мора да најдат компромис“, вели една Гркиња. Сегашната програма на европска помош истекува на 30 јуни, а до тој датум Грција треба да врати милијарда и пл евра на ММФ за да би избегнала банкрот и можен излез од еврозоната.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути