19 Јануари, 2025
0.0472

Ден на дрвото: Расте или се намалува шумската површина во Македонија?!

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

За опозициската СДСМ  „Власта не сади здравје. Власта на Груевски од оваа акција,Ден на дрвото направи уште еден расадник, но на милиони што завршуваат во нечии џебови“. Според Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, ако навистина се садат дрвја невозможно е вкупната површина под шуми во земјава, наместо да се зголемува, таа да биде намалена. Според официјални податоци на Државниот завод за статистика, забележува тој, вкупната површина под шуми во 2012 година, во однос на 2002 година е намалена за 211 хектари, ако во  2002 изнесувала 989.046 хектари, 10 години подоцна паднала на 988.835 хектари „ На ова брдо нема ниту едно од милионите садници. Каде завршија милионските суми за нив? Ако гледаме подетално, поединечните соопштенија за периодот март 2008 – есен 2011 покажуваат дека во акцијата Ден на дрвото биле засадени 36,7 милиони садници. Ако секој садник чини по околу 1 евро значи ли тоа дека се потрошени над 36 милиони евра? Пилите на Груевски со обезбедување од Јанкулоска само во Скопје ги соголија историските паркови спроти Стара Железничка станица, паркот спроти Бристол, пред Домот на АРМ, паркот Жена Борец, паркот зад Собранието на РМ, паркот пред КИЦ, двете зелени парцели околу плоштадот Македонија, паркот зад главната Пошта, старите дрвореди на Илинденска и Климент Охридски“, истакна Шилегов од скопското село Ржаничино. Од опозицијата посочија и дека загаденост во Скопје е алармантна и побараа во интерес на здравјето на граѓаните, властите да кажат колкава е загаденоста во Скопје и низ државата и да престанат да сечат дрвја. Од ВМРО ДПМНЕ реагираа дека опозицијата користи неточни и паушални информации за акцијата „Ден на дрвото”. СДСМ критикува, како што велат, долгогодишна акција која што е прифатена од сите граѓани “. „СДСМ до сега не поздрави и не поддржа ниту еден проект. Но, тоа го прави бидејќи во времето додека тие беа на власт немаа ниту проекти, ниту значајни активности, ниту позитивни мерки“, сметаат од ВМРО ДПМНЕ. Според нив, континуирано се зголемува во површината во дрвја по сите официјални домашни и меѓународни статистики, а досега се засадени 51,4 милиони садници, произведени во расадниците на ЈП „Македонски шуми“ по цена од 7 денари, а не евро. „По секое засадување Државниот инспекторат за шумарство и ловство, врши увид на засадените површини и записнички констатира големина на засадените површините и број на садници. На пролет се констатира и процент на прифатеност. Процентот на прифатеност констатиран од Државниот инспекторат за шумарство и ловство за период 2008, 2009 и 2010 е 61,35 отсто“, стои во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ