17 Декември, 2025
0.0512

Ден на национална жалост во Бугарија за жртвите од поплавите

Објавено во: Балкан 23 Јуни, 2014 12:06

Добивај вести на Viber

Денешниот ден е прогласен за Ден на национална жалост во Бугарија за жртвите во катастрофалните поплави што ја зафатија земјата. Според последните податоци 12 лица го загубија животот во поплавите  - 11 во Варна и 1 во Добрич. По уште две деца се трага. Во Соборниот храм „Свето Успение Богородично“ во Варна денеска се одржува литургија за помен на загинатите, на која ќе присуствува и бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, а панихиди има и во повеќе други храмови низ земјата. Но, ужасот ни од далеку не е завршен. Во текот на вчерашниот ден биле издадени вкупно 27 заповеди за итно напуштање на куќи и згради во најпогодената област „Аспарухово“ за кои се верува дека можат да се урнат секој момент. Зградите се оградени со сигнална лента, а на сопствениците им е наложено да ги напуштат имотите во рок од шест часа. Поради штетите нанесени во поплавите, експертската комисија проценила дека овие згради не се безбедни за живеење, а не се исклучува можноста да има и други такви опасни објекти. Кога излегле на терен, експертите увиделе дека повеќе од 50% од куќите и зградите во „Аспарухово“ се дивоградби. Според плановите на општината. во Аспарухово било предвидено да се градат два канали, кои доколку биле изградени дури и би можела да се спречи трагедијата која го зафати ова место.  

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии