Денес парламентарни избори во Финска
Објавено во: Свет 19 Април, 2015 11:10
Во Финска денес се одржуваат парламентарни избори на кои се очекува пораз на левичарско-десничарската партија на премиерот Александар Стуб и доаѓање на влас на опозиционата коалиција, која вклучува евроскептични националисти.
Се очекува победникот на денешните избори да биде Центристичката партија на либерално-аграрната ориентација, а дека нејзиниот лидер Јух Сипил, кој ја има поддршката од урбаната средна класа и руралните конзервативци да стане нов премиер.
Сипил рекол дека е подготвен да ја прими партијата на Финците, порано позната под името Вистински Финци во некоја наредна коалиција, иако тоа би можело да ја закомплицира врската со Европа, бидејќи оваа партија се противи на давањето финансиска помош на земјите во невољи и сака да ја исфрли Грција од еврозоната.
Стуб, кој го поддржува членството на Финска во НАТО, на чело е на прилично несогласната левичарско-десничарска коалиција, која многумина ја обвинуваат за тешката економска ситуација и за неуспех во сузбивањето на растот на јавниот долг три години после рецесијата.
Финската економија тешко ја погодија лошата потрошувачка и турбуленции во соседна Русија, која е најголем фински трговски партнер.
Во меѓувреме, од 4,5 милиони избирачи повикиани да изберат 200 пратеници за четиригодишниот мандат, 1,3 милиони Финци однапред гласаа од 8 до 14 април, а што е во согласност со изборниот закон во Финска.
Првите резултати од излезните анкети се очекуваат вечерва во 19 а конечните околу 22 часот.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




