05 Декември, 2025
0.1732

Денеска ќе се знае судбината на тетовската економска зона

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2013 09:15

Добивај вести на Viber

За технолошко- индустриската развојна зона во Тетово досега имаше неколку неуспешни обиди да се најде странски инвеститор кој ќе ја изгради и ќе ја менаџира. Нејзиното функционирање ќе значи многу за развојот на полошкиот регион Соња Јованова Наумовска Денеска ќе се знае дали има заинтересирани инвеститори кои ќе сакаат да ја изградат и да стопанисуваат со слободната економска зона во Тетово. Во Дирекцијата за развој на слободните зони потврдуваат дека неколку компании веќе подигнале тендерска документација но, нема информации колку од нив доставиле понуда. Ова е трет обид да се најде инвеститор за зоната во Тетово. Првите два завршија безуспешно иако интерес имаше од две компании од Турција и една од Норвешка. На последниот тендер, кој беше поништен во април лани, турската и норвешката компанија како единствени понудувачи, не ги задоволија условите во  втората фаза од тендерот, иако стануваше збор за реномирани фирми кои во своите матични земји работат со економски зони и паркови. Од идниот инвеститор се очекува да вложи околу 15 милиони евра во изградба на инфраструктурата внатре во зоната, а дополнителни 4 до 5 милиони евра е предвидено да се издвојат за сообраќајна инфраструктура, административен објект и терминал. „ И во оваа зона условите од гледна точка на бенефиции би биле исти како и во другите ТИРЗ, но во овој модел приватниот партнер ќе одлучува кој ќе ја разработува зоната, ќе ја гради и менаџира. Ние ќе ги регулираме условите за влез во зоните, а приватниот инвеститор ќе ја има улогата на оператор. Ние сме еден филтер во име на државата кој одлучува кој вид на компании влегуваат во технолошко-индустриските развојни зони“, изјави неодамна во интервју за Фактор Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки зони. Слободната економска зона во Тетово се простира на површина од 94 хектари и во неа во првата фаза е планирано да се изградат 25 до 30 индустриски објекти во кои се предвидува да се отворат близу 7.000 работни места. Обврска на државата е да ја изгради клучката на автопатот Тетово- Скопје за полесно поврзување на зоната до која сега води регионалниот пат Тетово- Желино, како и целата надворешна инфраструктура, додека концесионерот ќе биде задолжен за внатрешната инфраструктура. Принципот на јавно- приватно партнерство му овозможува на идниот концесионер на зоната да може предвреме да ги изгради објектите и да им ги понуди под кирија или за продавање како готови на потенцијалните инвеститори.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино