Денеска почнуваат разговорите меѓу ММФ и Владата на Србија
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2013 09:43
Во Народната банка на Србија, со оддржување на пленарна седница, денеска официјално почнуваат двонеделните разговори на делегациите на Владата на Србија и Меѓународниот монетарен фонд за состојбата во јавните финансии во Србија, што се оддржуваат врз основа на членот 4 од Статусот на оваа меѓународна финансиска институција.
Министерот за финансии и економија Млаѓан Динкиќ изјави дека задача на Мисијата на ММФ е да ја оцени состојбата во фискалната и монетарна политика на Србија, напоменувајќи дека овие разговори нема да имаат преговарачки карактер, во смисла на склучување нов финансиски аранжман со Фондот.
-Тоа не значи дека нема и да се разговара за нов аранжман, доколку владата единствено одлучи дека тој е потребен, оцени Динкиќ синоќа во емисија на РТС и додаде дека за новиот аранжман може да стане збор доколку владата процени дека тој може да биде корисен за граѓаните и за економијата.
-Суштината е дека Србија не треба да се прилагоди на ММФ, туку да видиме дали тоа што тие го предлагаат се вклопува во програмата на нашата влада, рече Динкиќ.
Српскиот министер за финансии се согласи дека, доколку Србија склучи аранжман со ММФ, макар и „од претпазливост“, значи без земање кредити, како земја ќе имаме поголем кредитен рејтинг во светот и ќе можеме поевтино да се задолжуваме на странските пазари, со помали камати.
Мисијата на ММФ ќе ја предводи Зузана Мургасова, претходно соопшти канцеларијата на ММФ во Белград.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





