18 Декември, 2025
0.3636

Денеска се одржува големата парада во Грција: За прв пат забранети анти-македонски слогани

Објавено во: Балкан 25 Март, 2019 08:19

Добивај вести на Viber

Денеска по повод 25 март, најголемиот празник на Грците - „Денот на независноста“,на добропознатата воена парада во Атина забранети се слогани против Скопје,по постигнувањето на Преспанскиот договор.

„Македонија ... молчи“, гласеше коментарот на грчките медиуми, откако на вчерашната стидентска парада,која за еден ден и претходи на грчката беше забрането да се изведува националистичкиот марш „Славна Македонија“ во Атина.Тој не се свиреше ниту од бендовите ниту од оркестарот на Филхармонијата. Ваква одлука, според протоколот, донеле општината и општинскиот регион.

Грција ги презема сите мерки за на популарниот „охи ден“, да не се случи некаков инцидент кој обично во минатото го правеа специјалните поморски сили – „жабите“, кои вообичаено извикуваат погрдни пароли против Македонци или Албанци, без при тоа  таквите инциденти да поминат со казна. 

Сега со постигнувањето на Преспанскиот договор, воениот врв најавува дека ќе бидат санкционирани какви било ициденти, а испратена е и наредба со која се забрануваат секакви пароли.

„Зачувајте го достоинството и единството на оружените сили…ќе има дисциплински или кривични санкции доколку има инциденти“, се вели во наредбата на военото раководство.

Властите презедоа и дополнителни мерки на плоштадот Синтагма во Атина од каде се осттрануваат или ќе бидат остранети сите што сакаат да протестираат против Преспанскиот договор или да извикуваат дека „Македонија е грчка“.


Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии