23 Јуни, 2024
0.0273

Денеска се слави Богојавление, посебен сообраќаен режим во Скопје

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

По повод празникот Богојавление Водици , денеска ќе се воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

МВР информира дека од утрово во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена улица„Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со булевар„Гоце Делчев“ до крстосницата со улица„11 Октомври“ во двете насоки.

Во општина Ѓорче Петров од 08:00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански одреди“, до ул.„Ѓорче Петров“, како и ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“. Исто така, затворени за сообраќај ќе бидат сообраќајниците од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. 

Скопската православна епархија при МПЦ-ОА ќе го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст. Манифестацијата ќе се одржи на мостот „Слобода“, кај хотел „Холидеј ин“.

Одбележувањето почнува во 9 часот со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во која ќе учествува и архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан. Литургијата ќе заврши околу 11 часот, а потоа ќе следи голем освет на водите во припратата на црквата.

Околу 11:15-11:20 часот, архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“. Таму веднаш ќе почне церемонијата „Водици“, каде архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар, околу 12 часот.

Крстот во Вардар ќе се обидат да го фатат околу 130 верници. Од МПЦ-ОА – Скопска епархија за МИА информираа дека сите пријавени се полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.

Од Скопската православна епархија при МПЦ-ОА апелираат верниците да бидат присутни во храмовите, да учествуваат активно во божествената литургија со тоа што ќе се причестат. Сите верници, пак, кои ќе се обидат да го фатат крстот тоа да го прават од верски побуди, достоинствено, со почит и со страв божји.

Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник во Охрид. Со Ковачевски, во Охрид ќе бидат и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Никола Тупанчевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Предвидено е премиерот и министрите да присуствуваат на осветувањето на водите на Охридското езеро и положувањето на светиот крст кај Градското пристаниште во Охрид.


Можеби ќе ве интересира

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Вереникот Ристе потресен од смртта на младата Мартина: Грчки душман и го одзеде животот!

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

Бизнисменот Јахоски се придружува на коалицијата на Мицкоски?

„Парада на гордоста“ се одржа без инциденти

„Парада на гордоста“ се одржа без инциденти

САД: Изјавата на Мицкоски е во склад со Договорото од Преспа

САД: Изјавата на Мицкоски е во склад со Договорото од Преспа

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

Меџити: Прв вицепремиер не постои како функција во Законот, но ја има во владината регулатива

На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните

На млад скопјанец му се слошило и починал пред домашните

„Сириза“ го повика Мицотакис да преземе мерки против Мицкоски: Побарајте санкции од САД!

„Сириза“ го повика Мицотакис да преземе мерки против Мицкоски: Побарајте санкции од САД!

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Општина Сарај доби в.д. градоначалник

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство

Адвокатот на кратовчанката која ги уби сопругот и свекорот: Класичен пример на жртва на повеќегодишно насилство