Десет години затвор доби францускиот гинеколог и доживотна забрана за работа поради силување пациентки
Објавено во: Свет 05 Јули, 2025 19:38
Гинеколог од Бонвил, источна Франција осуден е на 10 години затвор и доживотна забрана за вршење лекарска професија поради силување на девет пациентки.
Триесет жени поднесоа пријави против 60-годишниот гинеколог, а тој е осуден за силување на девет пациентки.
Четири жени го обвинија за пенетрација со пенис, а други за неоправдани ректални прегледи.
Пациентките го обвинија лекарот и за „вагинални масажи“, кои гинекологот ги извршувал како неопходен третман за пациентките со ретроверзија на матката.
Гинекологот ги негира сите обвинувања, а неговите адвокати бараа ослободителна пресуда. Тој ќе биде во притвор во затворот во Ајтон и има 10 дена рок да поднесе жалба на пресудата.
Можеби ќе ве интересира
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?




