18 Мај, 2024
0.0275

Десет начини да заштедите

Објавено во: Стил 11 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Иако многупати ни се чини дека немаме веќе простор за штедење, кога ќе дојдеме во ситуација да располагаме со помалку пари, помалку трошиме. Еве неколку начини на кои може секогаш да се заштеди за полоши финансиски времиња: 1. Автоматизирање Направете траен налог со кој дел од вашата плата ќе се повлекува на штедна книшка веднаш штом ќе ја добиете платата. Така ќе располагате само со она што го имате на тековната сметка. 2. Откажете се од кредитните картички Кога во паричникот имате кредитни картички, лесно е да се трошат пар. Но, ако не ги носите со вас, можеби нема да го купите она што токму тој момент ви се допаднало. Без шопингот ќе преживеете, а ќе заштедите пари. 3. Читајте повеќе Еден од најбогатите луѓе на светот, Ворен Бафет, во слободното време чита. И тоа не што било туку - финансиските извештаи од своите сметки. Со проучување на банкарските изводи можеби нема да станете милијардери, но ќе бидете повеќе свесни за состојбата на вашата сметка. 4. Одете во библиотека Кога сме кај читањето, не мора да ги купувате сите книги за да прочитате нешто. Искористете го знаењето кое ви се нуди евтино. 5. Сами сварете си кафе Наместо во кафуле, кафето испијте го дома и на крајот на годината пресметајте колку сте заштедиле. Ќе се изненадите! 6. Вежбањето нека стане ваш животен стил Анализите покажале дека создавањето на една здрава навика може да доведе до позитивни бенефити во дел од вашиот живот. Ако вежбањето го додадете во секојдневната рутина, корист може да има вашата врска со парите. 7. Поминувајте време со штедливи пријатели Пријателите можат да имаат големо влијание врз вас, па внимателно избирајте со кого го поминувате времето. Тоа не значи дека мора целосно да ги избегнувате пријателите кои трошат, но признајте си самите кога нешто финансиски не можете да си го дозволите. 8. И вашето хоби може да ви донесе пари Тоа не значи дека треба да започнете да работите уште една работа, но ако имате хоби, размислете дали можете на некој начин да добиете пари за него. 9. Добро наспијте се Ако спиете добро, имате поголема контрола врз импулсивното однесување. 10. Заменете ги сијалиците Само обичните сијалици заменете ги со штедливи и веќе штедите, без воопшто да правите нешто друго потоа. Истото можете да го направите со сите апарати кои штедат енергија. На пример, откако старата машина за перење ќе престане да работи и ќе мора да ја замените, направете го тоа со модел кој штеди енергија.