Десетина банки во Кипар без ограничување на трансфери
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2013 12:00
Кипар ги укина ограничувањата врз паричните трансфери на уште осум странски банки, што работат во земјата, пренесоа американските медиуми.
Министерството за финансии денеска соопшти дека мерката се однесува на либанските Банк Бемо, Бе-Бе-А-Це, Креди Либанес, Банк оф Бејрут, француската Банка Ес-Бе-А, британската Барклис, јорданската Али Банк и украинската Приватбанк.
На овој начин веќе 12 странски банки во Кипар се без ограничувања за паричните трансфери, но за локалните клиенти продолжува да важи лимитот од 300 евра за повлекување на суми во еден ден.
Кипар во март ја затегна контролата врз банките за да не дозволи нивно истекување од финансикиот сектор, откако се договори планот вреден 30 милијарди евра со партнерите од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд, што, пак, предизвика големите вложувачи во двете водечки банки на островот да имаат масовни загуби на своите сметки.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





