20 Април, 2025
0.0386

ДЕСТИНАЦИИ СО ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Ова се места кои е добро да ги посетите наесен

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Вработените во туристичките агениции сметаат дека иако секој турист има различни афинитети, сепак постојат дестинации како Тунис и Египет каде е попријатно да се патува во есен, за разлика од екот на летото кога температурите се екстремно високи. 

Нашите соговорници велат дека ова се земји кои имаат многу убавини, но преку лето е многу топло и ние не сме навикнати на такво време. 

„На луѓето што сакаат да патуваат, знаеме дека Грција им е најинтересна дестинација за одмори. Во Тунис сум била и во Египет, многу е топло. Посебно Хургада. На таа температура ние не можеме да издржиме. Можеби погрешно се сфаќа зборот одмор. Подобро би било во есен, во септември или октомври да ги посетат Тунис, Египет. Тунис  е многу убава земја. Мислам дека допрва туристите ќе го откриваат Тунис.  Во септември е прекрасен. Температурите сега се пеколни. Имам пријателка на Малдивите. Таа таму си живее. На есен не е лошо и таму да се отиде“, вели сопственичка на туристичка агенција. 

Грција и натаму е најбарана дестинација за одмор за македонските туристи. 

„Грција е најдобра варијанта за нашите туристи за екот на летото. И Египет и Тунис се прилично топли. Ако бираат подобра клима, Грција е најдобра за нашите граѓани“, додаваат од штипска агенција.

Туристичкиот водич Бранко Босилков објаснува дека има голем избор на дестинации за оние кои сакаат да патуваат. 

„Многу е едноставно. Во лето се посетуваат нордиските земји, каде е посвежо, потоа се посетува сè. Летото дава шанса тие неколку месеци да се посетат земји како Латвија, Естонија. Во сезона може да се оди во Египет, Тунис, а убаво е да се оди таму и во септември, октомври и ноември. И за Кипар важи истото“, вели Босилков.

Во август во 2021 година во Тунис беа измерени рекордни 49 степени. Според Метеоролошкиот институт, претходната највисока измерена температура во Тунис изнесувала 46,8 степени Целзиусови, а била регистрирана во 1982 година. И во Египет температурата често се искачува над 45 степени преку лето. 

Летото во Тунис се одликува со високи температури на југ, кои варираат во зависност од местото, надморската височина и близината со морето.  Климата во Египет се одликува со суви и топли лета како и топли зими односно топли периоди од мај до септември, а умерено студени од ноември до март. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/master1305

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верниците го слават Велигден, а политичарите повикаа на сплотеност

НЕСРЕЌА: Воз удри во автомобил кај Зелениково

НЕСРЕЌА: Воз удри во автомобил кај Зелениково

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество