29 Септември, 2024
0.0275

ДЕТАЛИ ОД КАМИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА: Загинатиот возач е Црногорец

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија направи дополнителни проверки, но според досега добиените податоци, нема информации за сообраќајна несреќа во која учествувал камион со регистарски таблички на Северна Македонија, ниту за наш државјанин кој го загубил животот, информираат за МИА од МНР.

Претходно, дописникот на МИА од Софија јави дека возачот на камион кој утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, не е македонски државјанин.

Портпаролот на Окружното обвинителство во Стара Загора, Георги Видев за МИА изјави дека загинатиот возач е државјанин на Црна Гора, а камионот што го управувал бил со црногорски регистарски таблички.

Сообраќајната несреќа во која учествуваа два камиона се случи утрово околу 06:40 часот по бугарско време (05:40 по македонско време) на 161-от километар на автопатот Тракија на коловозната лента во правец кон Софија, кај местото Оризово во реонот на Стара Загора. До несреќата дошло кога едниот камион удрил во другиот, што стоел на крајната коловозна лента. При судирот дошло до излевање на гориво на автопатот од двата камиона, поради што сообраќајот се одвиваше само на една коловозна лента и се формираше колона возила во должина од околу пет километри.

Бугарскиот медиуми првично јавија дека во несреќата учествувале турски и бугарски камион и дека загинатиот бил возач на возилото со турски регистарски таблички. ТВ21, пак,  повикувајќи се на првични неофицијални информации од бугарското Министерство за внатрешни работи, јави дека загинатиот бил возач на камион со македонски регистарски таблички. 


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“